Турција

Турција: Во обид на илегален премин во Грција фатени 160 Сиријци

Запленети се 52 елеци за спасување, камион кој го користеле за транспорт, три гумени чамци и бродче

Mustafa Yıldırım  | 12.01.2018 - Обновена : 12.01.2018
Турција: Во обид на илегален премин во Грција фатени 160 Сиријци

Izmir

ИЗМИР (АА) - Во обид на илегален премин од Турција во Грција фатени се 160 мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).

На подрачјето на турските места Чешме и Дикили извршени се пет акции против странските државјани кои се обидуваат илегално да влезат или излезат од земјата. Во акциите се фатени 260 сириски државјани кои се обидувале да дојдат до некои грчки острови.

Запленети се 52 елеци за спасување, камион кој го користеле за транспорт, три гумени чамци и бродче. Мигрантите ќе бидат предадени на Канцеларијата за управување со миграции во Измир.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.