Турција

Турција: Во сообраќајна несреќа загинаа осум лица

Според соопштеното, патничкиот автобус околу полноќ тргнал од турскиот град Кастамону кон Анкара. Во околу 6 часот науотро шоферот ја изгубил контролата, и автобусот излетал од патот

Zehra Aydın  | 27.05.2017 - Обновена : 28.05.2017
Турција: Во сообраќајна несреќа загинаа осум лица

Ankara

АНКАРА (АА) - На патот Кастамону-Анкара, во градчето Калеџик во Турција, се случи сообраќајна несреќа во која загинаа 8 лица, додека 34 се повредени откако се преврте патнички автобус, јавува Anadolu Agency (AA).

Според соопштеното, патничкиот автобус околу полноќ тргнал од турскиот град Кастамону кон Анкара. Во околу 6 часот науотро шоферот ја изгубил контролата, и автобусот излетал од патот.

Осум лица го загубија својот живот во несреќата, а 34 лица се повредени, од кои 11 потешко. Повредените со возила на брза помош се однесени во болниците во Кириккале и Анкара.

Според првичните информации, четири загинати во несреќата се идентификувани, а сеуште процедурата за идентификување на другите загинати.

Од друга страна, во соопштението на гувернерството на Анкара се наведува дека несреќата се случила бидејќи шоферот заспал, и се вели дека е започната истрага за случајот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.