Турција

Турција: Во судир на автобуси загинаа осум, а 28 лица се повредени

Несреќата се случи во областа Игдир, а загинаа возачите на автобусите и шестмина патници

Ekipa  | 20.02.2017 - Обновена : 21.02.2017
Турција: Во судир на автобуси загинаа осум, а 28 лица се повредени

Iğdır

ИГДИР (АА) - Во автобуска несреќа што се случи во областа Игдир, во источна Турција загинаа осуммина, а беа повредени 28 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Автобусот што доаѓал од Нахчиван, Азербејџан, на патот Игдир – Нахчиван се судри со автобус што од областа Игдир се движел во тој регион.

Во сообраќајната несреќа што се случи загинаа возачите на автобусите и шестмина патници, а предизвикана е значителна штета на автобусите.

На местото на несреќата се упатија екипи на полицијата, противпожарната служба и на службата за брза помош.

Повредените лица се транспортирани во државната болница.

Местото на несреќата беше посетено од страна на гувернерот на областа Игдир, Ахмет Тургај Алпман, кој рече дека несреќата се случила на патот Игдир – Нахчиван, односно на 20 километри од граничниот премин Дилуџа. Петмина од повредените се во тешка состојба.

Според него, несреќата се случила бидејќи автобусите возеле во иста лента, додека втората лента била привремено затворена поради работи на патот.

Меѓу загинатите се петмина граѓани на Азербејџан, тројца се од Турција, а поголемиот дел од повредените се исто така од Азербејџан.

Во тек е утврдувањето на идентитетот на загинатите и повредените патници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.