Турција

Турција го остварува своето право на самоодбрана

Турција ги започна своите прекугранични операции насочени кон терористичката организација ДАЕШ во рамки на меѓунароните договори и доделените овластувања од страна на собранието на Турција

Ekip  | 24.08.2016 - Обновена : 24.08.2016
Турција го остварува своето право на самоодбрана

Ankara

АНКАРА (АА) - Турција ги започна своите прекугранични операции насочени кон терористичката организација ДАЕШ во рамките на меѓунароните договори и доделените овластувања од страна на собранието на Турција за заштита на своите права, јавува Anadolu Agency (AA).

По извршените ракетни напади од позициите на ДАЕШ во северниот дел на Сирија кон Турција и терористичките напади во Турција, според меѓународните договори и доделените овластувања од страна на собранието на Турција за заштита на своите права, турските вооружени сили ги започна своите прекугранични операции. Операциите се поддржани од коалионите елементи.

Собранието со одлука и го дава тоа право на владата. Во насока на заштита на националната безбедност од терористичка закана и заштита од сите видови безбедносни ризици, во рамките на меѓународното право, за преземање на неопходни мерки за претпазливост, во насока на елиминирање на сите терористички организации од Ирак и Сирија, кои би ги насочиле своите напади кон Турција и можност од масовна миграција и други потенцијални ризици, со цел да се заштити националната безбедност, со одлука на собранието, на Турција и се дозволува преминување на границата, обем на дејство, бројноста и терминот кога турските вооружени сили би навлегле во странски земји, потоа странски сили да бидат присатни на територијата на Турција и нивното користење да биде во согласност со принципите на владата, и за таа цел изработка на потребни прописи. Oвие можности на владата и беа доделени во траење од една година, кое од 2 октомври 2015 година е продолжено на уште една година, што беше објавено во служен весник на 8 септември.

Долж турската јужна граница земјата се соочува со зголемени ризици и закани за националната безнедност, терористичките елементи на ПКК се постојано присатниво северниот дел на Ирак, додека пак и во Сирија и во Ирак, бројот на останатите терористички елементи и нивната постојана закана се во постојан пораст.

Оваа одлука на Турција му придава големо значење за територијалниот интегритет, националното единство и зачувување на стабилноста на Ирак, истакнувајќи дека присуството на терористичките групи се директна закана, и затоа против овие закани, преземањето на воени, политички, и дипломатски подготвителни мерки, со цел зголемување на заштитните иницијативи, се овозможува нивна одржливост.

Додека во Сирија режимот со својата политика на насилство, поддржувајќи ги терористичките групи, се обидува меѓу народот да создаде вистински судири врз база на етничка и секташка разлика, со што од аспект на хуманитарната ситуација, се нарушува регионалната и меѓународната безбедност и стабилноста, отворија пат за продолжување на ризиците и заканите.

Одлуката на собранието е „Во овие рамки, првично ова дозвола кон Ирак беше прифатена во 2007 година, која шест пати беше продолжувана, и дозволата кон Сирија која беше донесена во 2012 година и која беше еднаш продолжена, во 2014 година, по што е формиран еден текст кој е од неопходно значење, против сите ризици, закани и акции кои можат да ја донесат во прашање националната безбедност на Турција, права кои произлегуваат од меѓународното право за преземање на потребни мерки, кои би продолжиле да се спроведуваат на национално ниво, како и формирање на меѓународната коалиција со цел, борба против ДАЕШ и слични терористички организации, во чии рамки би учествуваала и Турција“, се вели во одлуката. Во одлуката се истакнува следното:

„Со цел да се преземат потребни мерки во рамките на меѓународното право за заштита од сите видови на терористички закани и сите видови безбедносни ризици, и елиминирање на сите можни идни напади кон Турција од страна на терористичките организации во Ирак и Сирија и ризикот од можните масовни миграции и други видови ризици, потребно е да се обезбеди и одржува националната безбедност на Турција.

Во кризниот период и по него во зависност од развојот на настаните, потребна е заштита на високите интереси на Турција и во таа насока овозможување на премин на границата, обем на дејство, бројност и термин кога турските вооружени сили би навлегле во странска земја, потоа можност странски сили да бидат на територијата на Турција и нивното користење да биде во согласност со принципите на владата и во таа насока, за елиминирање на сите можни ризици и закани, на 2 октомври 2014 година собранието на Турција донесе одлуката со која на владата на Турција и се доделена дозвола од една година, по што на 2 октомври 2015 година оваа одлука беше продолжена на уште една година и во согласност со 92. член од Уставот на Турција, Генералното Собрание на 3-ти септември 2015 година, на 9. седница ја прифати оваа одлука.“

Одлука на Советот за безбедност на ОН за Сирија и Ирак

Операциите на турските сили во пограничниот појас на соседните земји втемелени се и во содржината на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации која се однесува на борбата против терористичката организација ДАЕШ. Во резолуцијата на Советот најостро се осудува насилството на ДАЕШ и идеологијата на дискриминација, како и сите терористички активности и систематското грубо кршење на меѓународното право и човековите права воопшто.

Меѓу останатото, во резолуцијата остро се осудува терористичката пракса ма убивање на цивили, масовни стрелања на невините и неможните, насилство засновано на верска дискриминација, грабнување и заробување на цивили, прогони, посебно на малцинските групи, убивање и злоставување на деца, приморавање на малолетниците да одат на боишта, напади на болници и школи, уништување на културното и историското наследство, како и други злосторства кои ги прават терористите на ДАЕШ и другите групи кои делат негова идеологија. Резолуцијата ги повикува сите земји на соработка во борбата против терористичките организации како и изнесување пред лицето на правдата на припадниците на тие групи, вклучувајќи ги ДАЕШ, Ал Нусра Фронотот и сите ограноци на Ал Каеда.

Се повикуваат сите земји да ги преземат сите потребни мерки за да се спречат терориситчките напади и други злосторства како што се бришење на економското,културното и историското наследство на подрачјата на делување на терористите.

- Право на одбрана

Паралелно со тоа, со повелба на Обединетите нации забранета е употреба на сила против територијалниот интегритет и суверенитетотна една држава. Меѓутиа, во тој случај се наведуваат два исклучока и тоа во случаи кога Советот за безбедност на ОН даде такво одобрување и во случај на право на одбрана. Право на одбрана државата го активира само доколку постои некој вооружен напад врзнеа, но во тој дел не се наведува дека тој напад мора да биде дело на некоја друга држава. Државата може самата да се брани, а има право и да повка други држави да и помогнат во тоа.

Во тој контекст, Турција правото на одбрана го стекна бидејќи терористите на ДАЕШ во повеќе наврати ја нападнаа нејзината територија со артилериски гранати од територијата на Сирија, а и по неодамнешните терористички напади. Тоа право на Турција го потврдуваат и меѓународните договори. Членот 7 од повелбата на ОН одредува однесување на членките во случаи на загрозување на мирот и во случај на напад. Членот 51 дава право секоја членка да се брани во случај на напад и тоа се додека Советот за безбедност не преземе мерки за заштита на мирот и сигурноста.

- Борба против странските борци терористи

Советот за безбедност на ОН укажа и на уште еден важен проблем, а тоа се странските борци терористи на боиштата. Советот на тој проблем реагираше уште пред две години и донесе низа одлуки и резолуции. Во документите на советот се наведува дека на боиштата во Сирија и Ирак, во редовите на ДАЕШ се борат околу 25.000 борци од повеќе од 100 држави.

Повеќепати е укажано на потребата земјите извознички на овие борци да се позанимаваат со тоа прашање и со откривање на потенцијалните терористи, недозволување нивно напуштање на границите на таа држава.

Турција во тој контекст направи најмногу. Од 2011 година до февруари оваа година забрани влез во земјата за 37.000 лица поврзани со тероризам. Од земјата се депортирани повеќе од 3.000 такви лица. На бројните автобуски станици и аеродроми во Турција активна е и групата за анализа на ризици, која до сега контролирала повеќе од 7.500 странци. Од слобода во Турција се лишени повеќе од 2.433 лица осомничени за поврзаност со ДАЕШ, а меѓу нив 1.030 лица се странски државјани. Од нив 808 сѐ уште се во притвор. 

Турција во значителна мерка ги интензивираше мерките за безбедност на границата со Сиија, што во голема мерка ги спречи странските борци да дојдат на територијата на Сирија, зафатено со војна.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın