Турција

Турција: Ердоган го прими американскиот државен секретар Тилерсон

Претседателот Ердоган го прими Тилерсон во Претседателската палата, а состанокот е продолжен зад затворени врати

Özcan Yıldırım  | 30.03.2017 - Обновена : 31.03.2017
Турција: Ердоган го прими американскиот државен секретар Тилерсон

Ankara

АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган го прими американскиот државен секретар Рекс Тилерсон кој престојува во прва официјална посета на Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот Ердоган го прими Тилерсон во Претседателската палата, а состанокот е продолжен зад затворени врати.

Претходно, турскиот премиер Бинали Јилдирим во седиштето на владата го прими шефот на американската дипломатија.

Тилерсон во посета на Анкара допатува на повик на шефот на турската дипломатија Чавушоглу, со кој ќе се состане во текот на неговата посета, а по состанокот се очекува и нивно заедничко обраќање на новинарите.

Билатералните односи помеѓу Турција и САД, ситуацијата во регионот со акцент на кризата во Сирија и во Ирак, борбата против тероризмот и случајот поврзан со барањето на Турција за испорачување на водачот на терористичката организација ФЕТО се некои од главните теми за кои највисоките турски официјални претставници ќе зборуваат со шефот на Стејт Департментот, Тилерсон.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.