Турција

Турција: Лавина се урна врз припадници на безбедносните сили, загинаа 5 војници

Во лавината која се одрона за време на акцијата против терористичката организација ПКК, повредени се шестмина војници

Şener Toktaş  | 21.01.2018 - Обновена : 22.01.2018
Турција: Лавина се урна врз припадници на безбедносните сили, загинаа 5 војници Servet Taşdemir/АА

Bitlis

БИТЛИС (АА) - Канцеларијата на гувернерот на турската област Битлис соопшти дека во лавината која се урна врз припадниците на турските безбедносни сили во текот на акцијата против терористичката организација ПКК, животот го загубиле 5 војници, додека 12-мина се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението се додава дека лавината паднала врз припадниците на турските безбедносни сили за време на антитерористичката акција во подрачјето на Хизан.

Повредените војници не се во животна опасност.

„Повредените со хеликоптер се префрлени во Битлис и во државната болница во Хизан. На местото на несреќата се упатени екипи на Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), а во тек е акција за спасување”, се наведува во соопштението.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.