Турција

Турција: Операција за апсење на 121 осомничени припадници на ФЕТО

Осомничените, поранешни вработени во турското МНР, се товарат за користење на апликацијата „ByLock“, шифриран софтвер ја испраќање пораки што го користеа припадниците на ФЕТО

Kübra Chohan  | 26.10.2017 - Обновена : 27.10.2017
Турција: Операција за апсење на 121 осомничени припадници на ФЕТО

Ankara

АНКАРА / КОЊА (АА) - Турските безбедносни сили денес започнаа антитерористички операции за апсење на 121 осомничен припадник на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).

Осомничените, поранешни вработени во турското Министерство за надворешни работи, се товарат за користење на апликацијата за паметни телефони ByLock (Бајлок), шифриран софтвер ја испраќање пораки што го користеа припадниците на ФЕТО пред и за време на неуспешниот обид за државен удар минатата година, истакнаа изворите кои сакаа да останат анонимни.

Издадени се налози за апсење на 121 осомничен, во рамки на истрагата против поранешниот персонал на министерството.

Изворите истакнаа дека безбедносните сили на одделот за антитероризам во Анкара започнале операција во 30 области.

Денес, исто така, од страна на Главното јавно обвинителство на Коња издаден е налог за приведување на 70 војници на должност во турските вооружени сили.

Полицијата на Коња започна операција во 31 област.

Изворот истакна дека операциите за апсење на осомничените лица сѐ уште се во тек.

Турското Министерство за образование денес донесе одлука за затворање на четири училишта поврзани со ФЕТО.

Затворени се две училишта во Анкара, едно во јужната област Хатај и едно во западната турска област Измир.

ФЕТО и нејзиниот водач кој живее во САД, Фетула Ѓулен, стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 250 лица, а околу 2.200 беа повредени.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın