Турција

Турција планира да обнови 66 урнати и уништени џамии во Сирија

Некои од џамиите се веќе отворени по темелните поправки

Meryem Göktaş  | 24.04.2017 - Обновена : 25.04.2017
Турција планира да обнови 66 урнати и уништени џамии во Сирија

Ankara

АНКАРА (АА) - Турската фондација Дијанетнајави дека планира изградба и реконструкција на десетици џамии во Сирија кои се тешко оштетени за време на војната во таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).

Мустафа Туткун, директорот на Фондација за АА изјави дека планираат да изградат и реконструираат 66 џамии во соработка со Владата на Турција.

Туткун истакна дека реализацијата на проектот ќе се спроведува на места кои се ослободени од терористите во рамките на акциите на „Штитот на Еуфрат”, вклучувајќи ги и Кобанбеј, Азаз и Џарабулус.

Некои од џамиите се веќе отворени по темелните поправки.

„Ги завршивме поправките во џамиите Кебир, Нур и Хасан во Џарабулус и повторно ја отворивме нивната врата за молитви”, изјави Туткун.

Тој додаде дека Фондацијата во соработка со Управата за верски работи обновила 127 џамии на источниот и југоисточниот дел на Турција, оштетени во нападите на терористичката организација ПКК.

Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал-Асад презеде мерки со неочекувана свирепост на про-демократските протести.

Оттогаш, според ОН, повеќе од 250,000 лица се убиени а над 10 милиони лица се раселени. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın