Турција

Турција: Полицијата притвори 40 воени офицери во истрагата во врска со ФЕТО

Високорангирани офицери од централната воздушна база во Турција се притворени поради сомнение за поврзаност со терористичката организација ФЕТО

Didar Yüsra Dilruba Öz  | 20.10.2016 - Обновена : 20.10.2016
Турција: Полицијата притвори 40 воени офицери во истрагата во врска со ФЕТО

Konya

КОЊА (АА) - Четириесет високорангирани воени офицери распоредени во турската воздушна база беа притворени денес, во рамките на истрагата поврзана со ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).

Според извор од силите за безбедност на покраината, приведени се двајца полковници, еден потполковник, три раководни лица, тројца војсководци, еден заменик и 30 подофицери oд третата главна команда на воздушната база во Коња.

Групата била притворена поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО во истрагата спроведена од страна на главниот јавен обвинител на Коња во врска со финансирањето на нелегалната мрежа.

Налози за приведување се издадени за вкупно 47 осомничени лица.

Притворените лица денес беа подложени на здравствени прегледи во болница во Коња пред да бидат однесени во покраинскиот Директорaт за безбедност.

ФЕТО се товари за организирање на обидот за државен удар што се случи на 15 јули, како и за водење долготрајна кампања за соборување на власта преку инфилтрирање во турските институции, особено армијата, полицијата и во судството.

Во обидот за државен удар на 15 јули загинаа 241 лице и речиси 2.200 беа повредени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın