Турција

Турција: Спречен терористички напад, уапсени се терористите со експлозив

Во соопштението од Канцеларијата на гувернерот на Хатај наведено е дека се работи за двајца турски и тројца сириски државјани кои се подготвувале да извршат самоубиствен напад

Lale Köklü  | 24.06.2017 - Обновена : 25.06.2017
Турција: Спречен терористички напад, уапсени се терористите со експлозив

Hatay

ХАТАЈ (АА) - Најмалку петмина терористи, кои беа во подготовки за извршување на самоубиствен напад, се уаспени во јужниот турски град Хатај, на самата граница со Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението од Канцеларијата на гувернерот на Хатај наведено е дека се работи за двајца турски и тројца сириски државјани.

Нагласено е исто така дека пет уапсени лица планирале да извршат самоубиствени напади на територијата на Турција.

Со акцијата на турските безбедносни сили уапсени се пред да стигнат до центарот на градот. Терористите беа обвиени со експлозив кој беше подготвен за активација.

Сите пет терористи се уапсени и покрената е сеопфатна истрага.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.