Турција

Турција: Фатени се 46 мигранти во обид на илегален премин во Грција

Според информациите до кои дојде АА, екипите на турската жандармерија извршија акција на локацијата Далјан, во близина на Ајвачик, и фатија најмалку 46 лица, а се работи за мигранти со потекло од Авганистан, Сирија и Сомалија

Birol Güngördü  | 24.06.2017 - Обновена : 25.06.2017
Турција: Фатени се 46 мигранти во обид на илегален премин во Грција

Canakkale

ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во местото Езине во близина на турската област Чанаккале фатени се 46 странски државјани кои на илегален начин се обиделе да преминат на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).

Според информациите до кои дојде АА, екипите на турската жандармерија извршија акција на локацијата Далјан, во близина на Ајвачик, и фатија најмалку 46 лица, а се работи за мигранти со потекло од Авганистан, Сирија и Сомалија.

Фатени се и двајца турски државјани Ј.З. и A.O.A. за кои е утврдено дека се организатори на илегалниот премин на мигрантите во Грција.

Мигрантите се префрлени во локалниот Центар за враќање на странците.

Егејското и Средоземното море се дел од рутата на мигрантите во потрага по подобар живот. Меѓутоа, нивниот пад на надежта често се завршува со смртен резултат.

Во двете несреќи на Средоземното море, меѓу Либија и Италија, кои се случија кон крајот на декември минатата година смртно страдаа околу 100 мигранти, и со тоа бројот на загинатите во Средоземното море во 2016 година надмина 5.000.

Претходно официјалните лица на ОН во 2016 година ја прогласија најсмртоносна за мигрантите, и потсетија дека во 2015 година во Средоземното море смртно страдале 3.771 мигранти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın