Турција

Февруарски маратон во пливање на отворено море

Учествуваа повеќе од 450 пливачи од Турција, но и другите земји. Натпреварувањето е одржано во туристичкото место Датџа, каде денеска беше сончев, но не и топол февруарски ден, со околу 15. степени Целзјусови

Durmuş Genç  | 25.02.2017 - Обновена : 26.02.2017
Февруарски маратон во пливање на отворено море

Muğla

МУГЛА (AA) – Во западниот турски град Мугла денеска е одржан 11. Меѓународен маратон во пливање на отворено море, јавува Anadolu Agency (AA).

Маратонот во пливање е организиран со поддршка на градот Мугла, а учествуваа повеќе од 450 пливачи од Турција, но и другите земји.

Натпреварувањето е одржано во туристичкото место Датџа, каде денеска беше сончев, но не и топол февруарски ден, со околу 15. степени Целзјусови. Пливачите се натпреваруваа на долга стаза од пет километри и помала од 1.5 километри.

На плажата во Датџа се собраа и бројни граѓани и туристи, кои со повремени аплаузи ги поддржуваа пливачите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.