Турција

Чавушоглу по изјавата на Коѕијас: Нека не го ставаат на искушение нашето трпение

Тој истакна дека, како земја со самодоверба, ваквите изјави ги прима со трпение, со зрелост и додаде дека тие не се сфаќало секогаш сериозно лицето коешто има комплекси и ги предупреди грчките власти

Leyla Ataman Koyuncuoğlu  | 26.02.2017 - Обновена : 27.02.2017
Чавушоглу по изјавата на Коѕијас: Нека не го ставаат на искушение нашето трпение

Antalya

АНТАЛИЈА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлуд Чавушоглу, по посетата на Друштвото на новинари на Анталија се осврна на одредени изјави од својот грчки колега кој ги оспоруваше способностите на припадниците на Турските вооружени сили (ТСК), јавува Anadolu Agency (АА).

Турскиот министер за надворешни работи изјави дека нема потреба од тоа Турција да ја покажува силата и дека турските војници знаат што треба да направат кога тоа е потребно.

Чавушоглу истакна дека грчкиот министер често има изјави со провокативен карактер.

Тој додаде дека, како земја која има самодоверба, ваквите изјави ги прима со трпение, со зрелост и додаде дека тие не се сфаќало секогаш сериозно лицето коешто има комплекси и ги предупреди грчките власти.

Ние им придаваме големо значење на односите со Грција, било да станува збор за островите во Егејското Море, воздушниот простор или слично. Постојат разлики во мислењата, но исто така постојат механизми за решавање на проблемите. Работиме на тоа да не дојде до тензии. Но, овој коалициски партнер во грчката Влада постојано презема чекори кои ќе го тргнат ова наше размислување. Бевте принудени да го земете во коалиција, трпете, но нашето трпение има граници", порача Чавушоглу.

Според неговите зборови, Турција и Грција се добри соседи, но дека имаат и проблеми кои настојуваат да ги решат.

„Во минатото доаѓаше и до војни, но во последните години евидентно е одредено зближување. Нашите граѓани одат во Грција, на грчките острови и Грците доаѓаат во Турција. Кога ќе се обрне внимание, ние имаме големи сличности, но Грција не смее да дозволи сето ова да биде засенето со изјавите на размазено дете. Нема потреба да им покажуваме сила. Турските војници најдобро знаат што треба да направат кога ќе дојде време за тоа. Тоа добро нека му се објасни на размазеното дете. Нека не ни го става на искушение нашето трпение“, порача Чавушоглу во однос на провокативните изјави на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.