Турција

Чавушоглу: „Признавање на Источен Кудс како главен град на Палестина“

Турскиот министер за надворешни работи на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата на исламска соработка (OIC) изјави дека денес се собрани да кажат стоп на насилството

Meltem Bulur  | 13.12.2017 - Обновена : 13.12.2017
Чавушоглу: „Признавање на Источен Кудс како главен град на Палестина“ Onur Çoban/AA

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу смета дека сите земји би требале да поттикнуваат признавање на Палестина во границите од 1967 година, со Источен Кудс како главен град, јавува Anadolu Agency (AA).

Чавушоглу говореше на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата на исламска соработка (OIC) кој се одржува во Истанбул и во таа пригода изјави дека денес се собрале да кажат стоп на насилството.

Смета дека САД со одлуката која ја донесоа на 6 декември за признавање на Кудс за главен град на Израел, настојуваат да ја легитимизираат израелската иницијатива за окупација на Кудс.

Турскиот министер изјави дека некои очекуваат дека исламскиот свет тоа мирно ќе го набљудува.

„Но ние нема да молчиме. Оваа тиранија ја уништи можноста за мир и основа за заеднички живот. Оваа одлука која ја донесоа САД, за нас е ништовна“, порача Чавушоглу.

Министерот за надворешни работи на Турција го повтори повикот на претседателот на таа земја, Реџеп Таип Ердоган, да се заштити Кудс кое е свето место за трите големи религии.

Смета дека Палестина треба да ја признаат и сите други земји.

„Треба сите да вложиме напори за тоа. Ние кои го признавме Источен Кудс како главен град на Палестина, треба да ги поттикнуваме и другите земји да ја признаат Палестина во границите од 1967 година со Источен Кудс како главен град“, изјави Чавушоглу.

Тој укажа и на клучната важност на заедништво на Палестинците и додаде дека оваа борба нема да биде одвоена од правната црта ниту ќе дозволи провокации. Исто така, се осврна и на важноста на поддршката на Организацијата на исламска соработка (OIC) и другите механизми.

Тој порача дека денешниот самит ќе ја покаже одлучноста на исламскиот свет во однос на борбата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın