Турција

Чавушоглу: Проблемот е што ЕУ не го смета ФЕТО за терориситчка организација

Министерот Чавушголу по состанокот во рамките на политичкиот дијалог на високо ниво помеѓу ЕУ и Турција во Брисел, изјави дека вонредната состојба во Турција е воведена со Европската конвенција за човекови права

Hasan Esen  | 25.07.2017 - Обновена : 26.07.2017
Чавушоглу: Проблемот е што ЕУ не го смета ФЕТО за терориситчка организација

Brussels Hoofdstedelijk Gewest

БРИСЕЛ (AA) - Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушголу по состанокот во рамките на политичкиот дијалог на високо ниво помеѓу ЕУ и Турција во Брисел, изјави дека вонредната состојба во Турција е воведена со Европската конвенција за човекови права, јавува Anadolu Agency (AA).

„Се бориме против терористичките организации. Секако, доживеавме и обид за пуч. Од Европската унија (ЕУ) не добивме доволна поддршка. Дури година дена подоцна почнавме да уживаме доволна поддршка, но само во изјави. Се бориме и понатаму со ова. Додека со овие се бориме, се обидуваме да презедеме чекори во согласност со законите. Доколку постои одредена грешка, ја исправаме. Вонредната состојба во Турција е спроведена со Европската конвенција за човекови права. Всушност, одлуката за вонредна состојба е како онаа која ја донесе Франција", рече Чавушоглу.

Напомена дека е проблем што ЕУ организацијата ФЕТО не ја смета за терористичка организација.

„Сметаме дека организацијата каква што е терористичка организација. И Организацијата за исламска соработка ја прогласи за терористичка организација. Советот за соработка во Заливот ги прогласи за терористичка организација. Ние ги прогласивме за терористичка организација и ги преземаме сите потребни мерки. Но ЕУ, иако во Турција изведоа обид за пуч, не ги смета за терористичка организација и секој чекор кој го преземаме против нив го смета како кршење на правата. Тоа е целиот проблем, се работи за тоа како ги перцепираат. Веднаш по обидот за пуч постоеше истиот пристап, а и ден денеска", рече Чавушоглу.

Додаде сепак дека Турција поддршува продолжување на дијалогот и соработка со ЕУ, напоменувајќи дека соработката со Брисел е се посилна, посебно по состанокот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со челниците на ЕУ во мај оваа година.

Напомена дека соработката на Турција со ЕУ веќе дава резултати, потсетувајќи дека во претходниот период за 99 отсто е намалено илегалното преминување на мигрантите на грчките острови.

Истакна дека поседувањето на новинарска легитимација никому не му дава за право да прави злосторства, додавајќи дека е многу важно да се знае да се препознае вистинската демократска опозиција.

„Поседување на новинарска легитимација не ви дава за право да извршувате секаков вид злосторство, а истото се однесува и на било која друга професија. Оние кои учествувале во предавничкиот пуч во Турција и кои активно го поддржаа пучот, за кого и да се работи, без оглед дали е новинар, полицаец, политичар, сите се исти и невозможно е да се разликуваат", рече Чавушоглу, додавајќи дека Турција е подготвена со ЕУ да ги сподели овие информации во врска со ова прашање.

На крајот нагласи дека Турција одржува контакти за да ги нормализира односите со Германија.

На конференцијата за медиуми присуствуваа министерот за Европска Унија и главен преговарач на Турција со Унијата Омер Челик, високата претставничка на ЕУ за надвошрена и безбедносна политика Федерика Могерини и европскиот комесар за безбедносна политика и проширување Јоханес Хан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.