Турција

Чавушоглу: Сакаме да ги видиме конкретните детали во врска со Адил Оксуз

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, и државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, дадоа процена и одговараа на прашања на прес-конференцијата одржана по нивната тет-а-тет средба и средбата меѓу делегациите

Ekip  | 30.03.2017 - Обновена : 31.03.2017
Чавушоглу: Сакаме да ги видиме конкретните детали во врска со Адил Оксуз

Ankara

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, и државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД), Рекс Тилерсон, дадоа процена и одговараа на прашања на прес-конференцијата одржана по нивната тет-а-тет средба и средбата меѓу делегациите, јавува Anadolu Agency (AA).

- „Институциите прифаќаат дека не постои разлика меѓу ЈПГ и ПКК“

„Едно од овие прашања е поддршката за ЈПГ и соработката со ЈПГ/ПЈД на претходната администрација, за време на нивната борба против ДЕАШ во Сирија. Институциите во САД, вклучувајќи ја и американската администрација, како и војниците, прифаќаат дека не постои разлика меѓу ЈПГ и ПКК. ПКК е на листата на терористички организации, но за жал, во изминатиот период видовме соработка со ЈПГ во Сирија, за жал видовме дека претходната администрација ѝ даваше поддршка на ЈПГ“, истакна Чавушоглу, нагласувајќи дека во периодот на претходната администрација се случиле некои случувања кои влијаеле на односите меѓу страните.

- „Ова го сметаме за политички процес“

„Сметаме и гледаме дека овој процес, вклучувајќи го и бизнисменот Сарраф, во потполност е еден политички процес“, одговори Чавушоглу на прашањето во врска со притворот на заменик-директорот на Халкбанк во САД, Хакан Атила.

- „Сакаме да веруваме на изјавата“

Министерот Чавушоглу на прашањето за Адил Оксуз, бегалец на ФЕТО, кој бил баран од страна на конзулатот на САД во Истанбул, одговори: „САД даде изјава во врска со тоа зошто тој бил баран. Ние секако дека сакаме да веруваме на оваа изјава и не сакама да бараме нешто зад тоа, но сакаме да ги видиме конкретните детали околу ова прашање“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın