Турција

Јилдирим ги прими граѓаните кои во обидот за пуч станаа симбол на отпорот

Турскиот премиер го прими Мустафа Озбеј кој во Малатја управувал со тенкот што го оставиле пучистите, Метин Доган кој легнал пред тенкот на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, како и сопружниците Шерифе и Шенол Боз и Ѓулзехер Јуксел кои со камионот стигнале на Таксим

Hatice Özdemir  | 26.07.2016 - Обновена : 27.07.2016
Јилдирим ги прими граѓаните кои во обидот за пуч станаа симбол на отпорот

Ankara

АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим прими некои од граѓаните кои во ноќта помеѓу 15 и 16 јули се спротиставија на обидот за пуч и кои на некој начин станаа симбол на тој отпор, јавува Anadolu Agency (AA).

„Секој од нас го направи бесмртен духот на жената Анадолка и племенитоста на луѓето од Анадолија“, порача Јилдирим.

Турскиот премиер го прими Мустафа Озбеј, кој во Малатја го управувал тенкот што го оставиле пучистите, Метин Доган кој легнал пред тенкот на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, како и сопружниците Шерифе и Шенол Боз и Ѓулзехер Јуксел кои со камионот стигнале на Таксим. Јилдирим на присутните им рече дека турскиот народ во обидот за пуч испишал голем, херојски чин и создал еп. Според неговите зборови, таа ноќ секој граѓанил станал херој.

„Среќен сум и горд што сум со хероите кои станаа симбол на отпорот. На сите во историјата со златни букви им се испишани имињата“, порача турскиот премиер. Граѓаните кои беа на приемот посакаа нивната земја веќе да не доживее ваква болка и порачаа дека секогаш ќе бидат будни за татковината и знамето.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın