Бејџан Илјас избран за нов претседател на ТДП

По објавувањето на резултатите, новоизбраниот претседател на ТДП даде изјава за медиумите во која истакна дека на овој конгрес не победил само тој, туку и партијата и Турците во Македонија.

СКОПЈЕ (АА) – На деветиот редовен конгрес на Демократска партија на Турците во Македонија (ТДП), министерот без ресор на Турската заедница во Македонија Бејџан Илјас беше избран за нов претседател на партијата со мнозинство гласови, јавува Anadolu Agency (AA).

На конгресот кој беше организиран во Македонскиот народен театар во Скопје, од вкупно 330 регистрирани делегати гласаа 309, од кои 3 гласа беа неважечли. Илјас беше избран за претседател на партијата со гласовите на 205 делегати, додека другиот кандидат Ерџан Чулез остана на 101 гласови.

По објавувањето на резултатите, новоизбраниот претседател на ТДП даде изјава за медиумите во која истакна дека на овој конгрес не победил само тој, туку и партијата и Турците во Македонија.

„Мојата цел во задачата како претседател за која делегатите ме сметаа како заслужен е во секое поле на да ги унапредувам Турците во Македонија и да ја подигнам на повисоко ниво каузата која беше подигната од претседателите кои беа пред мене“, рече Илјас.

Покрај делегати и членовите на партијата, на конгресот присуствуваа и претседателката на Собранието на Турската Република на Северен Кипар (ККТЏ) Сибел Сибер, пратеникот на ККТЦ Хусеин Ерчал, министерот за јавна администрација на Косово Махир Јагџилар, пратеничката на Турската демократска партија на Косово (КДТЏ) Муфера Шиник, пратеникот на КДТЏ и заменик-претседателот на Собранието на Косово Фикрим Дамка, како и претставници на ВМРО-ДПМНЕ.

Кенан Хасипи, кој ја вршеше функцијата на претседател на партијата од 2002 година, во септември поднесе оставката поради здравствени проблеми.