образование, Балкан

Северна Македонија: Од септември годинава шахот како изборен предмет за учениците од 1. и 2. одделение

Шаховската федерација на Северна Македонија соопшти дека Бирото за развој на образованието ја одобрило нивната програма за шах во школите и од септември ќе биде на листата на изборни предмети

Husamedin Gina  | 09.08.2022 - Обновена : 12.08.2022
Северна Македонија: Од септември годинава шахот како изборен предмет за учениците од 1. и 2. одделение Фото: АА/Архива

СКОПЈЕ (АА) - Шахот од септември оваа година ќе биде на листата на изборни предмети во основните училишта во Северна Македонија за децата од прво и второ одделение, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Шаховската федерација на Северна Македонија соопшти дека Бирото за развој на образованието ја одобрило нивната програма за шах во школите и од септември ќе биде на листата на изборни предмети.

„Му благодариме на Орце Данчевски за помошта при изготвувањето на програмата. Сега ни останува да го промовираме шахот како изборен предмет и да ги обучиме наставниците. Што значи дека дури сега ни претстои најголемата работа“, истакнаа од Федерацијата.

Шаховската федерација на Северна Македонија, потсетувајќи на многубројните придобивки од шахот, истакнува дека шахот ќе ја подобри концентрацијата и меморијата, математичките вештини и читањето, логичкиот начин на размислување, креативноста и критичкото размислување, ќе придонесе за подеднаква работа и развој на двете мозочни хемисфери, а исто така ќе создаде и работна навика кај учениците.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.