Балкан

Србија: Обвинителството бара притвор за сите уапсени поради падот на настрешницата на железничката станица

„По приведувањето на 12 осомничени и нивното сослушување во законскиот рок, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад поднесе предлог за определување мерка притвор за сите 13 осомничени...“

Gorana Jakovljevic  | 23.11.2024 - Обновена : 23.11.2024
Србија: Обвинителството бара притвор за сите уапсени поради падот на настрешницата на железничката станица

НОВИ САД (АА) – Вишото јавно обвинителство на Нови Сад, Србија, му предложи на судот да одреди притвор за 13 лица поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 лица, јавува Анадолу.

„По приведувањето на 12 осомничени и нивното сослушување во законскиот рок, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад поднесе предлог за определување мерка притвор за сите 13 осомничени поради постоење можност, доколку се на слобода, да ја попречуваат постапката со влијание врз сведоци и соучесници, дека би можеле да го повторат кривичното дело, како и поради вознемирување на јавноста, а кон осомничената Ј.С.М., покрај горенаведените основи и поради тоа што е недостапна за органите на прогонот, и во однос на тоа беше предложено и распишување потерница“, соопштија од Обвинителството.

Вишиот суд во Нови Сад на Љ.М.М му одреди притвор до 30 дена, додека приведувањето на останатите осомничени се очекува подоцна.

Обвинителството во четвртокот соопшти дека во врска со трагедијата се уапсени 12 лица, а министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ потврди дека се уапсени 12 лица, а уште едно лице е во странство.

Меѓу уапсените се министерот за градежништво Горан Весиќ, вршителката на должноста генерална директорка на Акционерското друштво „Железничка инфраструктура на Србија“ Јелена Танасковиќ, поранешниот директор на „Железничка инфраструктура на Србија“, Небојша Шурлан, и помошничката на министерот за железнички сообраќај, Анита Димоски.

Во трагедијата што се случи на 1 ноември, кога се урна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, загинаа 15 лица, а две лица сѐ уште се во критична состојба.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.