Турција, живот

Турски рибари ослободија ајкула тешка 500 килограми случајно фатена на јадицата

Илкер Оздемир, еден од рибарите, рече дека иако рибари во тој регион 35 години, првпат наидува на ајкула со олкава големина и тежина

Ekipa  | 03.04.2022 - Обновена : 04.04.2022
Турски рибари ослободија ајкула тешка 500 килограми случајно фатена на јадицата Фото: АА/Илустрација

ЧАНАККАЛЕ (АА) - Турски рибари при лов на сабјарка недалеку од брегот на турскиот егејски брег ослободија ајкула тешка 500 килограми што случајно се фатила на нивната јадица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Рибарите денес испловиле од подрачјето на Ѓокчеада во турската област Чанаккале во лов на сабјарки.

Тие пуштиле јадица на длабочина од околу 600 метри, а потоа забележале дека рибарскиот конец по некое време силно повлекол кон длабочините.

Мислејќи дека уловиле голема сабјарка, рибарите почнале да ја влечат јадицата нагоре.

Рибарите кои ја виделе ајкулата на јадицата останале шокирани.

Откако извесно време ја набљудувале ајкулата со 6 перки, тешка околу 500 килограми, рибарите решиле да го спасат нејзиниот живот.

И покрај сите ризици, тие ја повлекле рибата кон чамецот, ја тргнале јадицата и ја пуштиле во морето.

Илкер Оздемир, еден од рибарите, рече дека иако рибари во тој регион 35 години, првпат наидува на ајкула со олкава големина и тежина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.