СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје се одбележа светата ноќ, Берат Кандил, која се смета за ноќ предвесник за месецот Рамазан, а по повод оваа ноќ се одржа програма во Мустафа Пашината џамија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во оваа џамија, во која присуствуваа муслимански верници, се одржа програма по повод оваа света ноќ, на којашто се рецитираa делови од Куранот и беа изведени илахии.
Настанот беше организиран од страна на Советништвото за верски прашања при Амбасадата на Турција во Скопје и Исламската верска заедница на Македонија.
Програмата започна со рецитирање на Куранот од страна на Јашар Чухадар од Претседателството за верски прашања на Турција, потоа продолжи со пеење на илахии од страна на Проф. Д-р Фатих Коџа од Турција.
„Зборот Берат значи простување“, истакна Мурат Алкан, советник за верски прашања при Турската амбасада во Скопје, истакнувајќи дека посакува оваа ноќ да биде посредник за мирот во исламскиот свет.