наука и технологија

Истражување: Глобалното затоплување ќе предизвика ширење на 4.000 вируси меѓу цицачите

Научниците нагласуваат дека глобалното затоплување ќе принуди повеќе од 3.000 видови цицачи да мигрираат, а средбата меѓу овие видови ќе предизвика ширење на 4.000 вируси до 2070 година

Saadet Firdevs Aparı  | 29.04.2022 - Обновена : 02.05.2022
Истражување: Глобалното затоплување ќе предизвика ширење на 4.000 вируси меѓу цицачите

АНКАРА (АА) - Научниците утврдија дека глобалното затоплување ќе предизвика ширење на 4.000 вируси меѓу луѓето и животните до 2070 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на „Си-ен-би-си“, новата студија открива дека глобалното затоплување ќе предизвика ширење на нови вируси меѓу животните и дека постои ризик новите заразни болести да се пренесат од животни на луѓе.

Истражувањето, објавено во списанието „Нејчр“, испитуваше како климатските промени може да имаат влијание врз преносот на болести меѓу цицачите.

Научниците нагласуваат дека глобалното затоплување ќе принуди повеќе од 3.000 видови цицачи да мигрираат, а средбата меѓу овие видови ќе предизвика ширење на 4.000 вируси до 2070 година.

Во студијата, исто така, се наведува дека повеќето од средбите меѓу видовите ќе бидат во Југоисточна Азија.

За да се предвиди каде ќе се случат средбите на видовите животни, беше искористено компјутерското моделирање.

Грег Елбери, еден од авторите на студијата, рече дека секој од овие вируси веројатно ќе влијае на здравјето на животните и дека ќе се шири меѓу луѓето.

Меѓу другото, Елбери подвлече дека ширењето на 4.000 вируси не значи нови епидемии како што беше епидемијата на Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.