свет

Во Франција прв круг од парламентарните избори

Реизбраниот претседател Емануел Макрон се чини дека ќе го освои мнозинството, но се соочува со силна конкуренција од алијансата на левичарските партии

Esra Taşkın  | 12.06.2022 - Обновена : 13.06.2022
Во Франција прв круг од парламентарните избори

ПАРИЗ (АА) – Во Франција утрово во 8 часот започна гласањето на првиот круг од парламентарните избори, јавува Агенција Анадолија (АА).

Реизбраниот претседател Емануел Макрон се чини дека ќе го освои мнозинството, но се соочува со силна конкуренција од алијансата на левичарските партии, социјалистите, зелените, комунистите и партијата Непокорена Франција.

48,7 милиони граѓани се со право на глас за избор на 577-члениот Долен дом, Националното собрание. За апсолутно мнозинство потребни се околу 289 пратенички места.

Во првиот круг од изборите за освојување на пратеничките места се натпреваруваат 6.293 кандидати, додека вториот круг следува една недела подоцна, на 19 јуни.

За место во Собранието на кандидатот му се потребни повеќе од 50 % од гласовите и поддршка од минимум 25 % од регистрираните гласачи.

Секој кандидат кој ќе ја добие поддршката од најмалку 12,5 % од регистрираните гласачи може да оди во вториот круг.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.