свет

Либан тврди дека израелската армија неколкупати го прекршила договорот за прекин на огнот

- Либан објави дека израелската армија неколку пати за два дена го прекршила договорот за прекин на огнот што стапи на сила утрото на 27 ноември

Faruk Hanedar  | 28.11.2024 - Обновена : 29.11.2024
Либан тврди дека израелската армија неколкупати го прекршила договорот за прекин на огнот

БЕЈРУТ (АА) - Либан објави дека израелската армија неколку пати за два дена го прекршила договорот за прекин на огнот што стапи на сила утрото на 27 ноември, известува Анадолу.

Либанската армија на својот профил на платформата X објави пост во врска со израелските прекршувања на примирјето.

Во објавата се наведува дека по стапувањето на сила израелската армија на 27 и 28 ноември го прекршила договорот за прекин на огнот постигнат меѓу Израел и Либан.

„Непријателот Израел неколкупати го прекрши договорот таргетирајќи ја либанската територија со воздушни напади и со различно оружје“, се вели во соопштението на либанската армија, додавајќи дека прекршувањата ги следат до надлежните органи на армијата на Либан.


- Израел започна воздушен напад за прв пат по прекинот на огнот

Договорот за прекин на огнот постигнат меѓу Либан и Израел стапи на сила во средата, на 27 ноември, во 04:00 часот по локално време (во 03:00 часот по средноевропско време).

Во вториот член од договорот стои; „Израел нема да изврши никаков воен напад врз цивилни, воени или државни цели во Либан од копно, море или воздух“.

Сепак, 2 лица се повредени кога израелската армија го нападна плоштад во местото Меркеба, во областа Мерџаијун, во јужен Либан.

Израелската армија по стапувањето на сила на примирјето за првпат денес во вечерните часови изврши воздушен напад врз градот Сидон, а портпаролот на израелската армија Авичај Адраи во својата објава на својот профил на социјалните мрежи објави дека нападнале точка за која тврдат дека е магацин на Хезболах за ракети со среден дострел.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın