свет

Нацрт-договорот од COP28 повикува на оддалечување од фосилните горива

- Преговарачите на климатскиот самит COP28 во Обединетите Арапски Емирати денес се согласија за конечниот нацрт-договор, барајќи од земјите да се тргнат од фосилните горива за да ги избегнат најлошите влијанија од климатските промени

Ahmed Asmar  | 13.12.2023 - Обновена : 14.12.2023
Нацрт-договорот од COP28 повикува на оддалечување од фосилните горива Фото: Омар Маркес/АА

ИСТАНБУЛ (АА) - Преговарачите на климатскиот самит COP28 во Обединетите Арапски Емирати денес се согласија за конечниот нацрт-договор, барајќи од земјите да се тргнат од фосилните горива за да ги избегнат најлошите влијанија од климатските промени.

COP28 започна во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Дубаи, на 30 ноември и требаше да заврши на 12 декември вечерта, но бидејќи преговорите не завршија, последната седница се очекува да се одржи подоцна денеска.

„Претставниците од 197 земји, покрај Европската Унија, на COP28 денес го одобрија историскиот „консензус на ОАЕ“ за климатските промени“, објави државната новинска агенција на ОАЕ „ВАМ“.

Текстот на нацрт-конечниот договор содржи 196 членови на 21 страница, додаде „ВAM“.

Нацрт-договорот, опишан како историски договор, се очекува за првпат да означи дека државите се согласиле на климатскиот самит на ОН експлицитно да се осврнат на фосилните горива и потребата да се оддалечат од нафтата, природниот гас и јагленот за да се ограничи глобалното затоплување.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın