Турски воен хеликоптер принудно слета во северен Ирак: Седуммина спасени, едно лице исчезна
Хеликоптерот „Сикорски“ бил во мисија за снабдување и морал да изврши „тврдо слетување“ од технички причини во областа на операцијата „Канџа - катанец“ во северниот дел на Ирак.
АНКАРА (АА) – Турски воен хеликоптер принудно слета во северен Ирак, соопшти денес турското Министерство за одбрана, известува Агенција Анадолија (АА).
Седум од осум лица во хеликоптерот се спасени, додека во тек е потрагата по едно лице, се вели во соопштението на турското Министерство.
Хеликоптерот „Сикорски“ бил во мисија за снабдување и морал да изврши „тврдо слетување“ од технички причини во областа на операцијата „Канџа - катанец“ во северниот дел на Ирак.
Туркије покрена серија операции против терористите на ПКК во северен Ирак од 2020 година, а операцијата „Канџа-Катанац“ беше започната во април оваа година насочена кон засолништата на терористите на ПКК во северните ирачки области, особено во областите Метина, Зап и Авасин-Басјан.
Претходно, операциите Туркије „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“ беа започнати во 2020 година за да се обезбеди сигурноста на турскиот народ и границите преку неутрализирање на заканата од ПКК и други терористички групи кои го користат северот на Ирак за да планираат прекугранични напади.
Турските безбедносни сили водат опсежна борба против терористите на ПКК во Туркије, но и во северните делови на соседните Ирак и Сирија.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата терористички организации од страна на Туркије, САД, Велика Британија и ЕУ, одговорна е за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и жени, деца и доенчиња. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.