Турција

Езерото Ладик на брегот на Црното Море се намалува поради големата суша

Езерото некогаш зафаќало површина од 870 хектари, а било познато и по своите пловечки острови

Bedrudin Brljavac  | 18.08.2024 - Обновена : 20.08.2024
Езерото Ладик на брегот на Црното Море се намалува поради големата суша Фото: Muhammed Enes Yıldırım/АА

САМСУН (АА) - Поради големите суши во последните години насекаде низ светот, исчезнуваат цели езера, што предизвикува посебна загриженост, особено кај љубителите на природата и животната средина, јавува Анадолу.

Со сличен проблем се соочуваат и некои делови на Туркије, каде езерото Ладик сè повеќе се намалува поради високите температури и сушата во областа Самсун на брегот на Црното Море.

Репортерскиот тим на Анадолу направи видеоснимка на која јасно се гледа колку е намалено езерото Ладик.

Многу делови од езерото целосно се без вода и сега на тие места може да се види трева и вегетација која сè повеќе се користи како пасиште за локалниот добиток кој се движи на подрачјето кое до скоро беше под вода.

Според некои истражувања, езерото Ладик некогаш изобилувало со риба, а неговите брегови беа одлични пасишта.

Јужниот брег на езерото Ладик беше епицентарот на земјотресот со јачина од 7,8 до 8 степени во северна Анадолија во 1668 година, најсилниот земјотрес што некогаш е регистриран во Туркије.

Езерото некогаш зафаќало површина од 870 хектари, а било познато и по своите пловечки острови. Опкружено е со поглед на планини и шума. Риболовната индустрија и риболовниот туризам во областа во голема мера влијаат на животот во овој крај поради постоењето на видови риби како што се штуката, смуѓот, шумската риба, шаранот и други. Дом е и на многу видови птици.

Порано на ова место луѓето се занимавале и со спортски активности како скијање на вода, сурфање и едрење. Покрај овие карактеристики, езерото служеше и за туризмот на целата област.

Езерото Ладик е тектонско езеро настанато со полнење со вода како резултат на тектонските движења, но факт е дека во последниве години во ова езеро има сè помалку вода.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın