Турција

Туркије приведе израелски фудбалер поради предизвикување омраза во јавноста

Крилото на Битексен Анталијаспор, Јехезкел, е приведен во истрагата започната од Главното јавно обвинителство со образложение дека 28-годишниот фудбалер сторил кривично дело „поттикнување на јавноста на омраза и непријателство“

Süleyman Elçin, Gülsem Adam  | 15.01.2024 - Обновена : 15.01.2024
Туркије приведе израелски фудбалер поради предизвикување омраза во јавноста

АНТАЛИЈА (АА) - Израелскиот фудбалер во Туркије, Сагив Јехезкел, е приведен утринава поради изразување солидарност со својата нација во натпревар од Суперлигата, јавува Анадолу.

Крилото на Битексен Анталијаспор, Јехезкел, кој претходно беше исклучен од тимот на турскиот фудбалски клуб поради неговата произраелска прослава на голот за време на натпреварот со Трабзонспор во неделата, е приведен во истрагата започната од Главното јавно обвинителство со образложение дека 28-годишниот играч сторил кривично дело „поттикнување на јавноста на омраза и непријателство“, велат полициски извори.

Заменик-претседателот и портпарол на турскиот клуб, Еврен Алкан, изјави дека адвокатите на Анталијаспор работат на раскинување на договорот со Јехезкел.

Откако постигна гол против Трабзонспор, Јехезкел сподели порака за солидарност со Израел со кревање на својата преврзана рака.

Пораката се однесува на нападот што го изврши палестинската група на отпорот Хамас на 7 октомври и израелските напади врз Газа што се одвиваат веќе 100 дена. На завојот имаше Давидова ѕвезда што го симболизира еврејскиот идентитет.

Анталијаспор на домашен терен ремизираше со Трабзонспор 1:1.

Оваа сезона израелскиот интернационалец постигна шест гола и направи две асистенции на 13 натпревари за Анталијаспор.

„Против Јехезкел е поведена судска истрага поради неговата поддршка на масакрот на Израел во Газа откако го постигна голот и поради поттикнување на јавноста на омраза и непријателство“, наведе турскиот министер за правда, Јилмаз Тунч, на социјалната мрежа Х.

Турското фудбалско тело го осуди како „целосно неприфатливо однесувањето“ на Јехезкел и поведена е дисциплинска истрага против одговорните.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот, Хамас, на 7 октомври, за кој Тел Авив тврди дека убила 1.200 луѓе во Израел.

Според палестинските здравствени власти, оттогаш се убиени најмалку 23.968 Палестинци, главно жени и деца, а 60.582 се повредени.

Според Обединетите нации, 85 отсто од населението во Газа веќе е внатрешно раселено поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.