политика

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да биде оставена во рацете на 5-те постојани земји членки на СБОН

„ОН треба целосно да се реформираат. Светот не може да се остави на милост и немилост на петте постојани земји (членки на Советот за безбедност). Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на една од овие пет постојани членки“,рече Ердоган

Esra Tekin, Serdar Dincel  | 29.11.2024 - Обновена : 29.11.2024
Ердоган: Судбината на 194 земји не може да биде оставена во рацете на 5-те постојани земји членки на СБОН

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес повика на голема ревизија на Обединетите нации, нагласувајќи дека речиси 200 земји во светот не можат да бидат препуштени на петте постојани членки на Советот за безбедност, јавува Анадолу.

„ОН треба целосно да се реформираат. Светот не може да се остави на милост и немилост на петте постојани земји (членки на Советот за безбедност). Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на една од овие пет постојани членки“, рече Ердоган во обраќањето на Светскиот форум на ТРТ во Истанбул.

Ердоган долго време ги осудува петте постојани членки на Советот за безбедност – според кој тие земји можат сами да стават вето на важни одлуки – велејќи: „Светот е поголем од пет“.

„Руско-украинската војна, која наскоро влегува во својата четврта година, ни ја покажа слабоста на меѓународниот систем заснован на правила“, додаде тој.

„Во Газа се тестирани не само хуманитарните вредности, туку и веродостојноста на глобалниот систем и ОН“, рече Ердоган, додавајќи дека ниту еден од нив не го поминал тестот.

„Крајот на оваа човечка трагедија, на која ѝ е отворен патот поради срамот на холокаустот, е слепа улица, катастрофа“, рече Ердоган, говорејќи за тоа како вината на западните земји за холокаустот ги натерала да се воздржат од критикување на Израел, кој повеќе од една година спроведува геноцид во Газа.

„Можеме ли да кажеме 'не е наша работа', наспроти израелската агресија која ги загрозува не само нејзините граѓани, туку и сите што живеат во регионот?“, запраша Ердоган, додавајќи: „Кога има мир, кога можеме да живееме заедно во мир, зошто крв, конфликти, војна? Ако не дејствуваме денес, кога ќе дејствуваме?“

„Болката на угнетените во Газа, Палестина и Либан е наша“, рече турскиот лидер, додавајќи дека „согласноста за угнетување е угнетување“, осврнувајќи се на поддржувачите на геноцидот и угнетувачката политика на Израел.

„Туркије го прави она што го прави заради мирот, правдата и безбедноста на целиот регион“, додаде тој.

„Низ историјата, турската нација отсекогаш ги отворала 'широко своите врати' за секој што се соочил со угнетување, без разлика дали е Евреин или христијанин“, рече Ердоган.

Светскиот форум на ТРТ, организиран од турската национална телевизија ТРТ, треба да заврши в сабота.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın