политика

Хан: Македонија ја заслужи безусловната препорака

Според еврокомесарот Хан, Македонија и нејзините граѓани заслужиле една безусловна препорака, нешто што, според него, е признаено и оценето од страна на земјите на ЕУ

Bekim Laci  | 18.04.2018 - Обновена : 19.04.2018
Хан: Македонија ја заслужи безусловната препорака Bekim Laci/AA

Skopje

СКОПЈЕ (АА) – Комесарот за проширување на Европската Унија (ЕУ), Јоханес Хан, на премиерот на Македонија, Зоран Заев, му го достави Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија на нејзиниот пат кон интеграциите, при што истакна дека Македонија ја заслужила безусловната препорака која Европската комисија во соопшти вчера, јавува Anadolu Agency (AA).

Според еврокомесарот Хан, Македонија и нејзините граѓани заслужиле една безусловна препорака, нешто што, според него, е признаено и оценето од страна на земјите на ЕУ, и додаде дека неговата посета на Скопје е токму околу ова прашање, да го прослават надминувањето на кризата.

„Македонија помина едно долго патување и покрај бројните предизвици, и сега повторно се врати на европскиот пат. Има позитивни промени, едно чувство на транспарентност, енергија и надеж“, рече Хан, кој истакна дека Македонија е пример за демократски промени во регионот, што вреди да се наградува, но, дека реформите не треба да застанат, особено оние во судството.

Премиерот Заев упати благодарност за позитивниот извештај на Европската комисија, и даде ветување за уште поенергични реформи во наредните два месеца, со цел, како што рече, земјата да добие датум за преговори во јуни, на Самитот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

„Владата уште поенергично ќе ги води реформските и политичките процеси во следните два месеци, за во јуни РМ да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Цврсто сме определени да спроведеме одржливи решенија за суштински реформи, и по планот 3-6-9, врз основа на Извештајот на Европската комисија ќе утврдиме нов план за реформската динамика до крајот на 2018 година, којшто ќе биде поврзан со имплементацијата на она што досега го одлучивме“, нагласи Заев, и упати благодарност до сите граѓани, граѓанскиот сектор и политичките партии за поддршка на реформите во периодот пред реформите.

На прашањето дали ЕУ има план Б, доколку Македонија и Грција не постигнат решение за спорот со името, Хан рече дека потребен е компромис, и секоја страна да се откаже од нешто, како и да се искористи позитивниот момент за надминување на долгогодишниот спор.






На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.