политика

Хрватската претседателка Грабар Китаровиќ ја започна посетата на Македонија

По средбите, предвидено е претседателите Ѓорѓе Иванов и Грабар-Китаровиќ да одржат заедничка конференција за медиумите

Besar Ademi  | 26.04.2018 - Обновена : 26.04.2018
Хрватската претседателка Грабар Китаровиќ ја започна посетата на Македонија Besar Ademi/AA

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, која престојува во официјална посета на Република Македонија, со највисоки државни и воени почести беше пречекана од нејзиниот македонски колега, претседателот Ѓорге Иванов, на платото пред претседателската резиденција „Вила Водно“, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателите на Хрватска и на Македонија ќе имаат тет-а-тет средба, а предвиден е и пленарен состанок на официјалните делегации на двете држави.

По средбите, предвидено е претседателите Ѓорѓе Иванов и Грабар-Китаровиќ да одржат заедничка конференција за медиумите.

Во рамките на посетата, хрватската претседателка Грабар-Китаровиќ ќе се сретне и со претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери.

Исто така, хрватската претседателка утре ќе учествува на состанокот на лидерите на земјите-учеснички од Процесот Брдо-Бриони, чиј домаќин годинава е претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Главната цел на Процесот Брдо-Бриони е целосна интеграција на земјите од регионот во Европската Унија, стабилизирање на состојбите во Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.

Земји-учеснички во Процесот Брдо-Бриони се Република Македонија, Република Хрватска, Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, Република Словенија, Република Србија и Црна Гора, претставени на ниво на претседатели на држави.

Според најавеното, еден од почесните гости на состанокот во Скопје ќе биде и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.