свет

Источна Гута: Во напади на Асадовиот режим загинаа 59 цивили

Неименувани претставници на Цивилна заштита во Источна Гута за АА изјавија дека силите на Асад и неговите сојузници во текот на денот спроведувале жестоки воздушни и копнени напади врз сите делови на Источна Гута

Ekipa  | 20.03.2018 - Обновена : 21.03.2018
Источна Гута: Во напади на Асадовиот режим загинаа 59 цивили

Ankara

ИСТОЧНА ГУТА / АНКАРА (АА) - Во континуираните напади на сирискиот режим на Башар ал-Асад и сојузниците на подрачјето на Источна Гута загинаа 59 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).

Неименувани претставници на Цивилна заштита во Источна Гута (Бели шлемови) за АА изјавија дека силите на Асад и неговите сојузници во текот на денот спроведувале жестоки воздушни и копнени напади врз сите делови на Источна Гута.

Наведоа дека во нападите врз Дума загинале 56, а во Хареста тројца цивили.

Од Цивилната заштита во Источна Гута исто така додадоа дека поради жестоките напади не можеле да дојдат до неколку загинати и ранети цивили, и стравуваат дека бројот на жртви во наредните часови може да се зголеми.

Во нападите на силите на сирискиот режим на Башар ал-Асад и сојузниците врз Источна Гута, само во текот на изминатите пет дена загинаа повеќе од 150 цивили.

Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во продолжението на копнената операција, започната на почетокот на март, ја поделија енклавата Источна Гута на три дела.

Источна Гута е предградие на Дамаск под контрола на силите на сириската опозиција, а под целосна опсада на силите на режимот веќе неколку години. Во енклавата, борба за опстанок водат речиси 400.000 цивили.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.