свет

Коалициските сили по грешка погодија цивили во Јемен, 14 жртви

Коалициските сили под водство на Саудиска Арабија по грешка погодија место во Јемен, при што загинаа 14 цивили, додека четири цивили се повредени

Ekipa  | 21.04.2018 - Обновена : 22.04.2018
Коалициските сили по грешка погодија цивили во Јемен, 14 жртви

Yemen

ЈЕМЕН (АА) - Коалициските сили под водство на Саудиска Арабија по грешка погодија место во Јемен, при што загинаа 14 цивили, додека четири цивили се повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на прес-центарот при Народните сили на отпорот (HDG), поддржувачи на легитимната власт во земјата, се наведува дека коалициските сили по грешка извршиле напад во подрачјето на Мевза, во градот Таиз, при што погодено е едно возило во кое се наоѓале цивили.

Според соопштенито, воздушниот напад е извршен врз возило кое се враќало од пазарот во подрачјето на Ел Бера. Се вели дека во нападот животот го загубиле 14 цивили, додека четири цивили се повредени.

Коалициските сили сè уште не се произнесоа околу овој случај.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın