свет, култура и уметност

Најголемите библиотеки во светот ја содржат меморијата на цивилизациите

Најголемите 10 библиотеки во светот верно чуваат над половина милијарда регистрирани дела - книгите кои се сметаат за заедничка културна меморија, објавени на различни јазици и на различни географски подрачја

Emre Aytekin  | 22.04.2018 - Обновена : 23.04.2018
Најголемите библиотеки во светот ја содржат меморијата на цивилизациите

Ankara

АНКАРА (АА) - ЕМРЕ АЈТЕКИН -

Најголемите 10 библиотеки во светот верно чуваат над половина милијарда регистрирани дела. Книгите кои се сметаат за заедничка културна меморија, објавени на различни јазици и на различни географски подрачја, се чуваат во монументалните структури на библиотеките.

Со одлука донесена во 1995 година од страна на Oрганизацијата за oбразование, наука и култура при Обединетите нации (УНЕСКО), 23 април се одбележува како Светски ден на книгата и авторското право, додека неделата во која се паѓа 23 април се одбележува како Недела на библиотеките.

Откривањето на печатарската машина со подвижен слог во 15. век од страна на германскиот занаетчија Јоханес Гутенберс, стана револуционерно откритие во историјата на човештвото. Пишаните дела претходно биле пишувани рачно или испечатени со техника на статично печатење со калап, а откако е измислена печатарската машина со подвижен слог, книгите биле печатени на механички начин. Ова откритие овозможи пишаните дела да стигнат до поголема публика. Тоа беше чекор кој овозможи есенцијални резултати во областа на образованието и во областа на комуницирањето. Откривањето на печатарската машина беше камен темелник на модернизмот. Печатената книга како форма на новата ера стана медиум преку кој се пренесуваат искуствата на човештвото.

Библиотеките и архивите во кои се чуваат пишаните дела и евиденциите на администрацијата, од пртходната ера беа значаен елемент на цивилизацијата. Со унапредувањето на печтањето, библиотеката доби едно институционално значење, прерасна во една институција која треба да се организира на еден систематски начин. Централните и локалните власти, како и научните, културните и образовните установи во модерната ера, отворањето библиотеки го претворија во задача.

Иако дигиталната евиденција и архивските технологии кои постојано се развиваат во денешницата, почнаа да ја прават тривијална логиката на физичка евиденција, библиотеките продолжуваат да бидат институции кои ја покажуваат длабочината на нивото на цивилизациското искуство, знаење и култура на земјите.

- Библиотеката на Конгресот во САД: Симбол на независноста -

Библиотеката на Конгресот (LOC) е истражувачка библиотека која официјално му служи на Конгресот на Соединетите Американски Држави (САД) и е најголема библиотека во светот, со над 167 милиони материјали, од кои над 39 милиони се книги и други печатени материјали, 3,6 милиони аудио и видео материјали, 14,8 милиони фотографии, 8,1 милиони музички ноти и 72 милиони ракописи.

Библиотеката, исто така, претставува најстарата федерална институција во САД, и има статус на државен архив, во која е задолжително да се има еден примерок на секоја испечатена книга во земјата.

Оваа билиотека е основана во 1800 година. Парламентарната зграда во која се наоѓа и библиотеката, беше запалена во 1814 година од страна на Британците, а во пожарот беше оштетена колекција од околу 3.000 дела. Една година по овој случај, Конгресот ја купува приватната библиотека на Томас Џеферсон која се состоела од 6.487 книги, и повторно ја изгради Библиотеката на Конгресот.

- Британската национална библиотека -

Британската национална библиотека (British Library) е втора најголема библиотека во светот според бројот на материјали. Нејзината колекција вклучува над 150 милиони материјали.

Британската библиотека е основана во 1753 година, од кралот на Велика Британија Џорџ II.

Колекцијата на оваа библиотека вклучува ракописи, мапи, весници, примероци на списанија, цртежи, музички ноти, аудио материјали, и патентни документи.

Во библиотеата исто така постои колекација на марки чиј број изнесува 8 милиони. Должината на полиците во Британската библиотека изнесува 625 км.

- Градската библиотека во Њујорк: Најголема градска библиотека во светот -

Со речиси 55 милиони материјали и 92 локации, Градската библиотека во Њујорк е најголемата градска библиотека во светот и втора по големина библиотека во САД (по Библиотеката на Конгресот).

Библиотеката која се наоѓа во една мониментална зграда на Улицата 42 во центарот на Њујорк, пружа услуги за 17 милиони лица.

- Наследството на Северна Америка: Националната библиотека и архиви на Канада -

Официјалната дирекција за архиви на Канада е основана во 1872 година под името Архивите Доминион, период кога Канада е под директна управа на Обединетото Кралство. Оваа институција во 1912 година го доби името Јавни архиви на Канада, додека во 1987 година го смени името во Национални архиви на Канада.

Архивот во 2004 година се обедини со Националната библиотека на Канада која е основана во 1953 година. Оваа нова институција вклучува колекција од 54 милиони дела, чија мисија е заштитата на наследството од документи на Канада за денешните и идните генерации.

- Руската државна библиотека „Ленин“ -

Руската државна библиотека која се наоѓа во рускиот главен град Москва, има статус на државен архив, која вклучува 43 милиони дела и архивски материјали.

Библиотеката е основана во 1862 година, додека покрај на руски јазик, поседува документи на 247 различни јазици. Библиотеката, позната и како „Ленин“, вклучува и колекција од специјални мапи, музички, аудио материјали, ретки дела, и научни трудови/дисертации.

- Националната парламентарна библиотека на Јапонија -

Националната парламентарна библиотека на Јапонија е основана во 1948 година и има цел да им служи на членовите на јапонскиот Парламент во истражување на работи од јавен интерес и одговорна е за развивање на сеопфатна колекција на публикации издадени во Јапонија.

Библиотеката нема изданија само во традиционалната хартиена форма, туку и пакувани дигитални публикации (ЦД-а, ДВД-а, итн.), како и интернет-ресурси (веб-страници). Како единствена национална депозитна библиотека во Јапонија, нејзината мисија е да ги зачува материјалите и долгорочно да ја обезбеди нивната употребливост, покрај печатените материјали.

- Француската национална библиотека -

Француската национална библиотека која се базира на колекцијата од ракописи формирана од страна на кралот во 14. век во музејот на Лувр, се наоѓа меѓу најголемите библиотеки во светот со 40 милиони дела. Оваа билбиотека која се наоѓа во Париз, во 1996 година беше префрлена од историската зграда на улицата Ришелје во денешната четирикатна модерна зграда позната како Библиотека Франсоа Митеран.

Библиотеката ја поседува најголемата колекција на ракописи од средниот век и модерната ера во светот. Колекцијата вклучува различни архивски материјали како витешки романи, верска литература од истокот, материјали од античката и научната историја, како и тетратки и забелешки од ракописи на книжевници како Паскал, Дидро, Аполинер, Пруст, Колет и Сартр.

Во неа исто така се наоѓаат и ракописи од античкиот грчки период.

- Руска национална библиотека -

Руската национална библиотека е една од најголемите библиотеки во светот во која се наоѓаат речиси 36 милиони материјали, и е втора најголема библиотека во Русија по Руската државна библиотека.

Библиотеката е основана во 1795 година од страна на Царицата Катерина. Колекцијата од 420.000 делови ги вклучува основните дела на европските јазици.

- Националната библиотека на Кина -

Националната библиотека во Кина, е најголема библиотека во Азија, а во светот се рангира на трето место со 280 000 квадратни метри површина. Во неа се наоѓаат антички книги и ракописи.

- Националната библиотека на Шпанија -

Националната библиотека на Шпанија која се наоѓа во Мадрид, вклучува над 33 милиони дела, како ракописи, испечатени дела, како и други евиндеции.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın