свет

Русија ја спречи седницата на СБОН за кршењето на човековите права во Сирија

Високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Ра'ад Ал Хусеин, требаше да се обрати пред Советот за безбедност на ОН во врска со кршењето на човековите права во Сирија, но на тоа отворено се спротивстави Русија

Betül Yürük  | 20.03.2018 - Обновена : 20.03.2018
Русија ја спречи седницата на СБОН за кршењето на човековите права во Сирија

New York

ЊУЈОРК (АА) - Русија го спречи одржувањето на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), на која требаше да се дискутира за кршењето на човековите права во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

Русија се спротивстави на одржувањето на седницата која ја побара Франција, поддржана од страна на Холандија, Шведска, Перу, Полска, САД и Велика Британија.

Високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Ра'ад Ал Хусеин, требаше да се обрати пред Советот за безбедност на ОН во врска со кршењето на човековите права во Сирија, но на тоа отворено се спротивстави Русија.

Русија предложи да се гласа за можноста за одржување на ваква седница.

Москва тврди дека Советот за безбедност на ОН е платформа на која се расправа за меѓународниот мир и безбедноста, напоменувајќи дека за прашањата во врска со кршењето на човековите права треба да се дискутира пред Советот за човекови права во Женева.

Против одржувањето на седницата, освен Русија, гласаа уште Кина, Казахстан и Боливија, додека Етиопија, Екваторска Гвинеја и Брегот на Слоновата Коска останаа воздржани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.