Турција

„На Турција не ѝ дозволувате да купи оружје, а за терористите е бесплатно"

„Тие на терористичките организации им даваат различни видови на оружје без да земаат пари за тоа. Пратија 5.000 камиони и 2.000 транспортни авиони со вооружување. Дали терористичката организација им плаќа на нив за сето тоа“, запраша Ердоган

İlkay Güder  | 16.03.2018 - Обновена : 17.03.2018
„На Турција не ѝ дозволувате да купи оружје, а за терористите е бесплатно"

Ankara

ЕРЗУРУМ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес во турскиот град Ерзурум порача дека неговата земја во голема мера го решила прашањето во врска со Африн, и дека во моментот контролира три четвртини од регионот на Африн, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган денес престојуваше во источниот турски град Ерзурум, каде зборуваше на конгресот на Партијата за правда и развој (АК Партија), а во таа прилика се осврна на актуелните случувања. Во фокус на неговиот говор беше операцијата во Африн.

„Турција во голема мера го реши прашањето за Африн. До сега воспоставивме контрола над три четвртини од регионот на Африн“, порача Ердоган и изјави дека Турција, откако ќе ги прошири набљудувачките точки во Идлиб, ќе продолжи да се движи кон Мунбиџ.

Тој се осврна и на САД.

„Доколку Америка навистина сака да работи заедно со нас, тогаш таа работа мора да започне со елиминирање на терористите кои се наоѓаат источно од Еуфрат. Ние тие терористи ќе ги протераме со сигурност од местата кои ги окупираа“, порача Ердоган.

Тој изјави дека САД пружа поддршка на терористичките организации.

„Тие на терористичките организации им даваат различни видови на оружје без да земаат пари за тоа. Пратија 5.000 камиони и 2.000 транспортни авиони со вооружување. Дали терористичката организација им плаќа на нив за сето тоа“, запраша Ердоган и продолжи:

„Ние од нив баравме да ни продадат оружје, значи да им платиме. Тие рекоа: 'Нема одобрување во Конгресот'. Вие сте нечесни. Ние не можеме да купиме од вас оружје, а на терористите можете да го давате бесплатно. Подоцна велите: 'Ние не сме со терористите'. Како не ги поддржувате терористите? Што значи тогаш сето ова? Како ќе го објасните?“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın