Турција

Боздаг: „Новиот државен систем ќе биде имплементиран на 24 јуни“

Турскиот заменик-премиер, Бекир Боздаг, денес изјави дека планираните предверемени избори претставуваат чекор што ги спречува „валканите пресметки“ против Турција

Mehmet Tosun  | 19.04.2018 - Обновена : 20.04.2018
Боздаг: „Новиот државен систем ќе биде имплементиран на 24 јуни“ ( Volkan Furuncu - AA )

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот заменик-премиер, Бекир Боздаг, денес изјави дека планираните предвремени избори претставуваат чекор што ги спречува „валканите пресметки“ против Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Боздаг беше гостин на денешниот уреднички деск на АА во Анкара, каде што одговараше на прашањата на новинарите и уредниците на АА од сите делови на светот, при што се осврна на актуелните случувања во Турција, а меѓу останатото, и на вчерашната одлука за предвремени парламентарни и претседателски избори во оваа земја, што ќе бидат одржани на 24 јуни оваа година.

„Преместувањето на изборите за поскор датум, ги спречува намерите на оние што имаат валкани пресметки за Турција“.

„Новиот државен систем ќе биде имплементиран на 24 јуни преку волјата на народот“, рече тој.

Заменик-премиерот, исто така, изјави дека Турците на 24 јуни преку планираните предвремени избори ќе отворат нов период.

„Одлучивме порано да го ставиме датумот за избори за да спречиме наштетување на нашата земја“, нагласи тој, додавајќи дека ова ќе стави крај на дебатите во врска со изборите во земјата.

„Сценариото во Турција ќе биде напишано од турскиот народ, а не од други. Сите ќе бидат обврзани да се придржуваат до сценариото напишано од народот“, изјави Боздаг.

Заменик-премиерот, исто така, изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на престојните претседателски избори ќе биде кандидат на турската владејачка Партија за правда и развој (AK Parti), на Партијата за национално движење (MHP) и кандидат на турскиот народ.

„Кандидат на АК партијата, кандидат на МХП и кандидат на народот е нашиот претседател, Реџеп Таип Ердоган“, порача Боздаг и додаде дека не очекува одржување втор круг избори.

Турскиот вицепремиер во однос на продолжувањето на вонредната состојба истакна дека тоа не може да нанесе ни најмала штета ниту негативно да влијае на изборите.

„Изборниот процес во рамките на вонредната состојба ни најмалку нема да биде штетен по изборните активности, ниту негативно ќе влијае на изборите“, изјави Боздаг и додаде:

„Нема никакви проблеми во календарот на Врховната изборна комисија (YSK). Ние до денес многу успешно ги одржувавме изборите. Врховната изборна комисија е институција од доверба. И покрај многуте критики, никој не можеше да ја наруши довербата на Комисијата“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın