Ekip
10 Ноември 2019•Ажурирај: 16 Ноември 2019
АНКАРА (AA) - Лисја со жолта и црвена боја и есента, кои се често опишувани во бројни песни на разни поети, и оваа година се инспирација на фотографите со кои се прикажуваат природните убавини на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Есента која ја симболизира зрелоста, богатството и тагата, е едно од омилените годишни периоди на уметниците и на љубителите на фотографијата.
Објективот на фоторепортерот на АА ги забележа најубавите есенски бои во шумите во Дузџе, кањонот Тохма во Малатја и кај езерото Једигол, оддалечено 45 километри од градот Болу.