Турција

Турско МНР: Одлуката на ЕП е неприфатлива

„Не можеме да ја прифатиме оваа одлука на ЕП кој е познат по својата толеранција кон терористичките организации. Турција, како што правеше и во минатото, одлучно ќе ја продолжи борбата против секој вид тероризaм“, порачано е во соопштението

Meltem Bulur  | 16.03.2018 - Обновена : 17.03.2018
Турско МНР: Одлуката на ЕП е неприфатлива

Ankara

АНКАРА (АА) - По одлуката на Европскиот парламент која се однесува на операцијата „Маслинова гранка“, се огласи и Министерството за надворешни работи на Турција, во чие соопштение е истакнато дека оваа одлука е неприфатлива за Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

„Не можеме да ја прифатиме оваа одлука на ЕП кој е познат по својата толеранција кон терористичките организации. Турција, како што правеше и во минатото, одлучно ќе ја продолжи борбата против секој вид тероризам“, порачано е во соопштението од турското МНР.

Наведено е дека повикот на ЕП упатен до Турција во одлуката под назив „Ситуацијата во Сирија“, е уште еден показател колку овој парламент е далеку од реалноста.

Со одлуката за операцијата „Маслинова гранка“, ЕП уште еднаш покажа едностран став, кој е далеку од објективен.

МНР на Турција потсети дека операцијата „Маслинова гранка“, започнала во согласност со правото за легитимна одбрана според член 51 од повелбата на ОН и одлуките за борба против тероризмот на Советот за безбедност на ОН.

„На мета на оваа операција се терористичките елементи на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ што се наоѓаат во Африн, но исто така, и припадниците на терористичката организација ДЕАШ што се дојдени во овој регион од другите делови на Сирија. ПКК се наоѓа на листата терористички организации во ЕУ. Според тоа, операцијата не само што има цел да ја штити националната безбедност на Турција, туку ја штити и безбедноста на Европа“, се истакнува во соопштението.

Нагласено е дека турските сили посветуваат максимално внимание во текот на операцијата да не дојде до страдање на сириските цивили, и се додава:

„Во рамки на тоа, Турција ги повика ЕП и земјите членки на ЕУ да вложат напори и да преземат одговорност за прекин на судирите во Сирија, кои траат веќе седум години и во вистинска смисла го дава својот придонес во тој план“.

Европскиот парламент вчера усвои одлука со која се изразува загриженост поради зголемената напнатост во регионот Африн и се повикува Турција да ја запре операцијата „Маслинова гранка“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.