Балкан

АА ја сними базата „Кучово“ во Албанија, првата воздухопловна база на НАТО на Западен Балкан

Пред три години по одлуката на НАТО да изгради нова воздухопловна тактичка база во земјата, по повод 10-годишнината од членството на Албанија во НАТО и 70-годишнината од основањето на Алијансата, односите Албанија - НАТО влегоа во нова фаза

Fatjon Cuka, Dzihat Aliju  | 16.03.2022 - Обновена : 17.03.2022
АА ја сними базата „Кучово“ во Албанија, првата воздухопловна база на НАТО на Западен Балкан Фото: Olsi Shehu/AA

КУЧОВО (АА) - ФАТЈОН ЦУКА -

Во Албанија сѐ уште има неколку воени бази наследени од комунистичкиот режим, но по планот на НАТО да ја претвори во тактичка база, во последните години внимание привлекува воздухопловната база „Кучово“.

Агенција Анадолија (АА) ја сними воздухопловната база „Кучово“, која се наоѓа во јужниот дел на земјата и се смета за прва воздухопловна база на Алијансата на Западен Балкан.

Базата е изградена за потребите на албанските воздухопловни сили за време на комунистичкиот режим кој владееше во Албанија помеѓу 1944 и 1991 година и го штитеше воздушниот простор на земјата. Исто така, беше домаќин на различни видови руски и кинески авиони кои денес се надвор од употреба.

На базата, која се наоѓа во областа Берат, поврзана со општина Кучово, има стари авиони од типот „Миг“, кои некогаш биле истакнати авиони на Албанската армија. Денес тие авиони ја раскажуваат историјата на базата.

- „Воздухопловната база „Кучово“ последните летови ги изврши во 2005 година“ -

Командантот на воздухопловната база „Кучово“, мајор Аркил Олдаши, за AA истакна дека базата е изградена во 1955 година.

Истакнувајќи дека многу видови авиони полетале од воздухопловната база, Олдаши рече: „Полетуваа авионите од типот „Миг-15“, „Миг-17“, „Миг-19“, тоа беше значајна база каде што се реализираа голем број летови и се одржуваа различни вежби. Од воздухопловната база „Кучово“ последните летови се извршени во 2005 година.“

Олдаши истакна дека од таа година базата се претворила во база каде што пилоти на албанските воздухопловни сили ги спроведуваат своите обуки и вежби.

Меѓу другото, во базата се одржуваат и различни вежби и на Албанија и на земјите членки на НАТО, како што е мултинационалната воена вежба „Дефендер Јуроп 21“, одржана минатата година.

По падот на комунистичкиот режим во земјата, во рамките на билатералната воена соработка меѓу Турција и Албанија за модернизација на воздухопловната база „Кучово“, Турските вооружени сили извршија изградба на надворешниот дел на базата, пистата, кулата за контрола на летањето, како и објектите за работа и обука на персоналот.

- Проект за трансформација во НАТО-база

Пред три години по одлуката на НАТО да изгради нова воздухопловна тактичка база во земјата, по повод 10-годишнината од членството на Албанија во НАТО и 70-годишнината од основањето на Алијансата, односите Албанија - НАТО влегоа во нова фаза.

Во јануари 2022 година започна теренска работа за спроведување на проектот за модернизација на воздухопловната база „Кучово“.

Албанските власти сметаат дека проектот е амбициозен и важен и за националната безбедност на земјата и за регионалната безбедност.

Проектот опфаќа подобрување на пистата на воздухопловната база, инфраструктура за контрола и безбедност на летот и патишта за поврзување.

Албанија истакнува дека базата, која се очекува да заврши есента 2023 година, ќе биде за употреба и на НАТО и на Албанската армија.

Според официјалните податоци на албанското Министерство за одбрана, инвестицијата во базата се очекува да достигне приближно 45,8 милиони евра.

Проектот вклучува реконструкција и изградба на местата неопходни за спроведување на летови во согласност со стандардите на НАТО.

Албанија е членка на Алијансата од април 2009 година. Во последните години, НАТО и Албанија го зголемија своето партнерство на полето на одбраната и безбедноста. Од влегувањето во НАТО, Албанската армија е вклучена во трансформацијата и модернизацијата на опремата и возилата, обука на персоналот и подобрување на воената инфраструктура.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.