Амбасадата на Туркије во Скопје организираше прием по повод 29. Октомври - Денот на Републиката
- Во чест на 101-годишнината од формирањето на Република Туркије и 29. Октомври - Денот на Републиката, прием организираше амбасадата на Република Туркије во Скопје
СКОПЈЕ (АА) - Во чест на 101-годишнината од формирањето на Република Туркије и 29. Октомври - Денот на Републиката, прием организираше амбасадата на Република Туркије во Скопје, известува Анадолу.
На приемот чиј домаќин беше амбасадорот на Туркије во Скопје, Фатих Улусој, присуствуваа претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Собранието, Африм Гаши, премиерот Христијан Мицкоски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, министри, пратеници, претставници на политички партии, претставници на турски институции и организации во земјата и голем број гости.
Настанот започна со интонирање на националните химни на двете земји, по што беше прикажана и видео порака од претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган.
Во своето обраќање пред гостите амбасадорот Улусој потсети дека во оваа година на којашто Туркије ѝ придава големо значење, е негова прва година како амбасадор во Северна Македонија и го изрази своето задоволство што работи во сојузничка, пријателска и братска земја.
Амбасадорот Улусој осудувајќи го минатонеделниот предавничкиот терористички напад врз објектите на Турската воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) во Анкара, им посака Божја милост на загинатите и изрази сочувство до нивните роднини, а на повредените граѓани им посака брзо закрепнување.
Улусој им се заблагодари на властите во Северна Македонија за нивните пораки на солидарност и сочувство по терористичкиот напад.
Зборувајќи дека денес турските институции во земјата организирале различни настани по повод 29 октомври, амбасадорот Улусој истакна дека Институтот „Јунус Емре“ и Агенција Анадолу (AA) организирале изложба со фотографии од прославите на Денот на Републиката во изминатите години.
„И посакуваме многу среќа на Агенција Анадолу, која со новото раководство се пресели во својата нова канцеларија во Скопје“, рече амбасадорот Улусој.
- „Туркије е неразделен дел од Балканот“
Нагласувајќи дека Балканот е на врвот од регионите на кои Туркије им придава големо значење на полето на надворешната политика, Улусој продолжи со зборовите:
„Туркије е неразделен дел од Балканот. Туркије овој месец ја предаде командата на КФОР што ја презеде пред една година, а во Босна и Херцеговина во рамките на операцијата АЛТЕА и во новиот период ќе дејствува заедно со Северна Македонија како и досега.“
Потсетувајќи дека Туркије е првата земја што ја призна Северна Македонија со нејзиното уставно име и именуваше амбасада во Скопје, Улусој рече дека од прогласувањето на независноста Туркије ја поддржувала и ќе продолжат да ја поддржуваат оваа пријателска земја, со која имаат блиски историски и човечки односи на секое поле.
Амбасадорот на Туркије истакна дека по стапувањето на функцијата на новата влада во Северна Македонија првата билатерална официјална посета на земјава на ниво на министер за надворешни работи ја остварил шефот на турската дипломатија Хакан Фидан и посочи дека високи претставници на двете земји оствариле меѓусебни посети во текот на овој процес.
Зборувајќи дека Северна Македонија е една од земјите којашто ѝ подаде рака на помош на Туркије по земјотресите што ја потресоа земјата минатата година, амбасадорот Улусој рече дека и Туркије е првата земја што испрати помош и авиони и хеликоптер за гасење на шумските пожари што избувнаа во Северна Македонија минатото лето.
Посочувајќи дека турските компании веќе имаат направено значителен придонес во инфраструктурата, вработувањето и економијата на Северна Македонија во многу области, од здравствениот сектор до банкарството, од храна до туризам, од образование до енергетика, амбасадорот Улусој истакна:
„Продолжуваме да ги охрабруваме турските компании да инвестираат во Северна Македонија. Ги интензивиравме нашите напори за зголемување на обемот на билатералната трговија. Важно е владата на Северна Македонија да преземе чекори да ги охрабри странските инвеститори и да обезбеди атрактивни услови“.
Истакнувајќи дека Северна Македонија е пример од аспект на земја во која различни култури и етнички заедници живеат во мир и хармонија, амбасадорот Улусој истакна:
„Турската заедница на Северна Македонија претставува цврста врска меѓу нашите земји, како Камениот мост на реката Вардар. Задоволни сме што турската заедница е во хармонија со сите други етнички заедници, како лојални граѓани на оваа земја. Турското заедница секогаш вложува напори за развојот и благосостојбата на земјата.“
- Претседателката на Северна Македонија и претседателот на Собранието го посетија штандот на АА
Во рамките на приемот Институтот „Јунус Емре“ и Агенција Анадолу на гостите им презентираа изложба на фотографии направени од фоторепортерите на АА за време на прославите на Денот на Републиката од изминатите години.
Покрај тоа, во рамки на приемот турските институции што дејстуваат во Северна Македонија, меѓу кои и македонската и албанската редакција на АА, на поставените штандови ги информираа гостите за активностите што ги спроведуваат во земјата.
За време на приемот, претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова и претседателот на Собранието, Африм Гаши, го посетија штандот на АА, каде информации за работата на Агенција Анадолу добија од Ахмет Нурдухан, директорот на редакциите за македонски и албански вести на Агенција Анадолу.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.