Балкан

БиХ: Од повредите здобиени во земјотресот почина девојка од Столац

- Женско лице (1994) од Столац почина од повредите здобиени во земјотресот што во петокот вечерта ја потресе Босна и Херцеговина, потврдија за Агенција Анадолија од кантонската болница „Д-р Сафет Мујиќ“ во Мостар

D. Omanovic  | 23.04.2022 - Обновена : 24.04.2022
БиХ: Од повредите здобиени во земјотресот почина девојка од Столац Фото: Жељко Миличевиќ / АА

МОСТАР (АА) - Женско лице (1994) од Столац почина од повредите здобиени во земјотресот што во петокот вечерта ја потресе Босна и Херцеговина, потврдија за Агенција Анадолија од кантонската болница „Д-р Сафет Мујиќ“ во Мостар, известува Агенција Анадолија (АА).

Девојката смртно настрадала откако карпа се урнала врз нејзината куќа во Столац. Родителите на девојката се здобиле со полесни телесни повреди.

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтер ја потресе БиХ во 23:07 часот во петокот навечер. Потресот се случил на длабочина од 5 километри, со епицентар 30 километри северозападно од Билеќа, односно во близина на Столац.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.