Балкан

Владата на Македонија со поддршка за весник поврзан со ФЕТО

Министерот Поповски вчера го објави списокот на Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2018 година. Донесена е одлука за поддршка на 11 медиуми, меѓу кои е весникот „Заман Македонија", поврзан со ФЕТО.

Dzihat Aliju, Admir Fazlagikj, Furkan Abdula  | 29.01.2019 - Обновена : 30.01.2019
Владата на Македонија со поддршка за весник поврзан со ФЕТО

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за комуникација, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, соопшти дека е обезбедена поддршка за весникот „Заман Македонија", во рамките на Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2018 година, јавува Anadolu Agency (AA).

На вчерашната прес-конференција, министерот Поповски го објави списокот на Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2018 година. Во рамките на програмата учествувале 13 медиуми, а донесена е одлука за поддршка на 11 медиуми, меѓу кои е весникот „Заман Македонија".

Весникот „Заман Македонија" кој е поврзан со терористичката организација ФЕТО, во рамки на оваа програма доби материјална поддршка од 903.092 (околу 14.670 евра).

- Реакција на Амбасадата на Турција

Амбасадата на Турција во Скопје, писмено реагираше во врска со овој случај, при што нагласи дека остро го осудуваат тоа што весникот „Заман Македонија" добил материјална поддршка во рамките на оваа програма.

„Познато е дека Република Турција ја поддржува Република Македонија од нејзината независност на сите важни полиња. Поддршката и односот на Република Турција кон Република Македонија отсекогаш биле пријателски и добронамерни“, се вели во соопштението на турската амбасада.

„Одлуката на Владата на Македонија да се додели финансиска поддршка за весник на ФЕТО ја сметаме за скандалозна и неприфатлива. Очекуваме дека Владата на Македонија ќе ја преиспита својата одлука и ќе ги земе в предвид долгогодишните пријателски односи помеѓу двете земји и двата народи“, се додава во реакцијата на Амбасадата на Турција во Скопје.

- „Колку што можеме водиме борба за да се спречи тоа"

Министерот без ресор во Владата на Македонија, Елвин Хасан, во изјава за АА истакна дека Советот на министри минатата година донела одлука за поддршка на печатените медиуми, и потоа, рече тој, надлежностите биле префрлени на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), а како што соопшти Владата на Македонија, реализацијата на овој проект била препуштена на Асоцијацијата за заштита на печатените медиуми на (АЗПМ).

Хасан истакна дека за време на подготвување на овој проект тој не бил на министерската функција, туку дека на оваа функција дошол кон крајот на минатата година.

Хасан нагласи дека во рамки на оваа програма за поддршка, била формирана една комисија со учество и на меѓународната заедница, и тука биле определени критериумите за оваа програма. Според него, апликантите за оваа програма, добиле поддршка според наведени критериуми.

Хасан рече дека до надлежните институции и власти упатиле реакции. „Ги упативме нашите реакции и колку што можеме водиме борба за да се спречи тоа, и уште еднаш да не се соочиме со таква состојба“, додаде тој.

Хасан истакна дека Советот на министри одлучил само за поддржување на печатените медиуми, додека горенаведеното Здружение заедно со меѓународните организации, пред се ОБСЕ, ја вршело селекцијата на добитниците на поддршката. Тој нагласи дека Турците од Македонија се вознемирени од ваквата одлука.

- „Ова е прашање за кое не треба да се молчи"

Од друга страна, претседателот на партијата за Движење на Турците (ТХП), Енес Ибрахим, истакна дека овој случај се случил без нивна информација и дека до министерот Поповски и премиерот Заев ги упатиле потребните реакции.

Ибрахим нагласи дека здружението кое има улога во доделувањето на поддршката, користело средства од владиниот буџет, и додаде дека од денес ја започнале борба за да се раскине договорот во врска со оваа поддршка.

Ибрахим изрази очекување дека оваа тема ќе се актуелизира и на Советот на министри. „Отсега понатаму, ќе вложиме потребен напор за раскинување на договорот, односно да не се прави договор со весникот на ФЕТО“, додаде тој.

Претседателот на Турска демократска партија (ТДП), Бејџан Илјас, истакна дека одблизу ги следат настаните, и дека денес ќе реализира средба со премиерот Заев, со кого ќе разговара околу оваа тема.

Илјас рече дека ќе се консултира со партиските претставници и ќе упатат потребна реакција.

„Без сомнение дека ова е едно прашање за кое не треба да се молчи. Не е прифатливо да со нашите даноци да се поддржува Заман кој е медиум на организацијата ФЕТО. Иако сме на власт, ние не можеме да прифатиме сѐ“, нагласи Илјас.

Илјас истакна дека најголемата причина зошто станале дел од владината коалиција, е борбата против терористичката организација ФЕТО која ја опиша како нивна црвена линија и додаде дека треба да се реагира во врска со ова прашање.

Претседателот на Движењето за национално единство на Турците во Македонија (ДНЕТ), Ердоган Сарач, истакна дека како национална рефлексија и совест на Турците во Македонија, не е можно да се прифатат ова, како што рече тој, лицемерие на владата.

Сарач нагласи дека не е разбирливо да му се даде поддршка на еден медиумски орган на една терористичка организација која е непријател на Република Турција.

„Искрено и јасно велам дека ова е лицемерие на Владата на Македонија. Исто така, ние, како национална рефлексија и совест на Турците го осудуваме тоа, и ја повикуваме Владата да ја врши својата должност. Никогаш не прифаќаме да се спроведе двоен стандард против Република Турција која е пријателска и братска земја. Во оваа насока ќе направиме сѐ што можеме“, рече Сарач.

Претседателот на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), Хусрев Емин, истакна дека со голема жалост и конфузија дознале дека е дадена поддршка за весникот поврзан со ФЕТО.

Според Емин, оваа одлука е тежок удар врз фразата „Македонија и Турција се пријателски земји“, нешто што често се нагласува на секоја платформа.

„Очекуваме Македонија и нејзините институции да бидат до правдата, националната волја, демократијата и до Република Турција против крволочната терористичка организација ФЕТО која изврши обид за државен удар на 15 јули во 2016 година каде животот го загубија 250 лица, додека повредени беа илјадници лица“, рече тој.

Емин потсети дека премиерот Заев за време на прославите во рамки на Денот на турската настава во Македонија во 2017 година ФЕТО ја опиша како терористичка организација, при што Заев нагласи дека Македонија ќе стои до Турција.

Емин нагласи дека министерот за надворешни работи на Турција, Никола Димитров, пред две недели ја посети Анкара, каде рече дека неговата земја секогаш ќе стои до Турција во борбата против тероризмот. Според Емин, оваа одлука за материјална поддршка за весникот поврзан со ФЕТО длабоко ги повреди чувствата на Турците во Македонија.

Емин истакна дека треба да се разгледа оваа погрешна одлука која ги повредува чувствата на Турците од Македонија, и која им наштетува на односите со Турција.

Тој додаде дека очекува надлежните претставници на Македонија изразот „ќе стоиме до Турција против тероризмот“ да го претворат во дело.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.