Владата на Србија утрешниот ден го прогласи за Ден на жалост
Владата на Србија го прогласи 2 ноември за Ден на жалост врз основа на Законот за одбележување на Ден на жалост во Република Србија
БЕЛГРАД (АА) - Утре во Србија ќе биде Ден на жалост поради загинатите граѓани во уривањето на дел од конструкцијата на железничката станица во Нови Сад, јавува Анадолу.
Владата на Србија го прогласи 2 ноември за Ден на жалост врз основа на Законот за одбележување на Ден на жалост во Република Србија.
Министерот за внатрешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека осум лица се загинати при уривањето на дел од железничката станица.
„Од урнатините извлечени се осум тела, две лица се во болница и тие преживеаја, со тоа што состојбата на едниот од нив е тешка бидејќи му е ампутирана ногата. Под урнатините имаме контакт со две лица, работиме да ги извлечеме живи“, рече Дачиќ.
Српските медиуми објавија дека во меѓувреме од под урнатините е извлечено четиринаесетгодишното девојче со кое спасувачите комуницираа во текот на спасувачката акција.
Во акцијата за спасување вклучени се околу 80 спасувачи од повеќе градови, како и тешка механизација.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.