Балкан

Во Албанија од Италија пристигна првата група од 16 мигранти спасени на море

- Минатата недела Италија официјално отвори два центра во Албанија за обработка на барањата за азил.

Aida Cako  | 16.10.2024 - Обновена : 17.10.2024
Во Албанија од Италија пристигна првата група од 16 мигранти спасени на море

ШЕНЃИН (АА) - Денес во албанското пристаниште Шенѓин се закотви италијанскиот брод со кој пристигна првата група од 16 мигранти, чии барања за азил ќе бидат процесуирани во Албанија, јавува Анадолу.

Бродот „Либра“ го напушти италијанското пристаниште Лампедуза во понеделникот пренесувајќи десет мажи од Бангладеш и шест од Египет, кои беа спасени на море откако ја напуштија Либија.

Во Шенѓин ќе се изврши идентификација на патниците и лекарски преглед. Во Италија ќе можат да влезат само оние чии апликации ќе бидат одобрени.

Минатата недела Италија официјално отвори два центра во Албанија за обработка на барањата за азил.

Италија соопшти дека не планира да ги разделува семејствата и дека ќе прифаќа жени, деца и стари лица, болни и жртви на тортура.

Според петгодишниот договор што во ноември минатата година го потпишаа италијанската премиерка Џорџија Мелони и нејзиниот албански колега Еди Рама, до 3.000 мигранти фатени од италијанската крајбрежна стража во меѓународните води секој месец ќе бидат преселени во Албанија.

Овој контроверзен договор за пренесување на барателите на азил во земја што не е членка на Европската Унија беше пофалена од некои земји што, како Италија, имаат голем товар од мигрантите. Сепак, групите за човекови права го критикуваа, предупредувајќи на можни прекршувања на човековите права.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.