Турција, Балкан

Во Анкара продолжува лекувањето на шестмина тешко повредени во пожарот во Кочани

Повредените се згрижени во Центарот за изгореници при Градската болница „Билкент“, а според информациите, нивната здравствена состојба останува сериозна

Duygu Yener  | 17.03.2025 - Обновена : 18.03.2025
Во Анкара продолжува лекувањето на шестмина тешко повредени во пожарот во Кочани Фото: Dzihat Aliju/АА

АНКАРА (АА) - Лекувањето на шестмина тешко повредени во пожарот што избувна во дискотека во Кочани, Северна Македонија, продолжува во Анкара, каде што беа пренесени со воен авион за натамошен третман, јавува Анадолу.

Авионот на Министерството за национална одбрана на Туркије, кој ги превезуваше повредените, слета на воениот аеродром „Етимесгут“ во 02:00 часот.

Оттаму со амбулантни возила повредените беа транспортирани до Градската болница „Билкент“ во Анкара, каде што се згрижени во Центарот за изгореници.

Според информациите од болницата, нивната здравствена состојба останува сериозна.

Во пожарот што избувна во ноќен клуб во Кочани во 03:00 часот изутрина по локално време на 16 март, загинаа 59 лица, а 155 се повредени, од кои 22 се во тешка состојба.

Деветмина од повредените се пратени на лекување во Туркије.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.