Балкан

Во Косово национален ден на жалост поради нападот врз полицијата

Престрелката избувнала откако група вооружени етнички Срби отворила оган врз полицијата

Mustafa Talha Öztürk  | 25.09.2023 - Обновена : 26.09.2023
Во Косово национален ден на жалост поради нападот врз полицијата

БЕЛГРАД (АА) - Косовската претседателка Вјоса Османи одлучи да го прогласи понеделник за национален ден на жалост по судирот меѓу полицијата и вооружените напаѓачи, при што загина еден полицаец, а друг беше ранет, јавува Анадолу.

„Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, за поддршка на Уставот на Косово одлучи понеделник, 25 септември 2023 година, да биде прогласен за ден на жалост во чест на полицаецот Африм Буњаку, убиен на северот од земјата“, соопшти Претседателството вчера.

Премиерот Албин Курти преку платформата Х истакна дека наредникот Буњаку е „убиен од терористи во раните утрински часови, вршејќи ја својата должност - заштитата на територијалниот интегритет и владеењето на правото на нашата земја“.

Уште еден полицаец е ранет во судирот меѓу полициската патролна единица и група вооружени етнички Срби во Северно Косово.

Групата вооружени Срби го блокираа мостот што води кон селото Бањска, кое се наоѓа во близина на градот Митровица, со два камиона без регистарски таблички.

Престрелката избувнала откако групата отворила оган врз полицијата, која пристигнала на местото за да го истражи проблемот.

Во регионот беа пратени голем број безбедносни сили, а затворен беше и граничниот премин Брњак меѓу Косово и Србија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.