Во Охрид отворен „Меѓународен летен извиднички камп“
- Свечено е отворен „Меѓународниот летен извиднички камп“ што по 12-ти пат се организира во Охрид
ОХРИД (АА) - Свечено е отворен „Меѓународниот летен извиднички камп“ што по 12-ти пат се организира во Охрид, јавува Агенција Анадолија (АА).
На свеченото отворање на летниот камп организиран од Федерацијата на извидници на Турција и Здружението „Калкан“ (Штит) од Северна Македонија со поддршка на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), учествуваа Халим Омер Согут, координатор на ТИКА во Скопје, Хасан Субаши, претседател на Федерацијата на извидници на Турција, Мехмет Баран, директор на Турската фондација Маариф во Северна Македонија, Серхат Кула, директор на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, Хусрев Емин, претседател на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), претставници на турските институции и организации во земјата и стотици извидници од Турција и балканските земји.
Координатор на ТИКА Субаши во своето обраќање истакна: „Сите кои се наоѓаат тука се дел од иста култура. Навистина се браќа. Не го заборавајте ова, границите на вашето срце да не бидат оградени со границите на вашите територии. Бидете великодушни и најдете ги вашите граници. Во овие вистински граници унапредувајќи го вашето братство и пријателство со сите ваши браќа“.
Согут рече дека како институција, спроведуваат активности за да ја пружат поддршката на Турција во овој регион и изрази надеж за зголемување на нивниот број.
Претседателот на Здружението „Калкан“, Џенгиз Дестан, нагласи дека со извидниците денес организирале различни активности и додаде дека сите извидници, без разлика на нивната националност, на братски начин работеле заедно за иста цел.
Извидничкиот клуб „Калкан“ и Здружението „Калкан“ им доделија плакети на институциите и организациите кои го поддржаа 12-от Меѓународниот летен извиднички камп, меѓу кои и на Агенцијата Анадолија (АА).
Кампот завршува во четврток, 30 јуни.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.