Балкан

Во Северна Македонија пристигнаа 30.000 дози вакцини, донација од Турција

„Уште еднаш сакам да изразам голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред се, за експресната испорака на ветената количина која е многу значајна за нас“, рече Филипче.

Furkan Abdula  | 09.06.2021 - Обновена : 10.06.2021
Во Северна Македонија пристигнаа 30.000 дози вакцини, донација од Турција ( Фото: Фејсбук профил на министерот за здравство на РСМ, Венко Филипче )

СКОПЈЕ

Во Северна Македонија пристигнаа 30.000 дози вакцини „Синовак“ како донација на Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение објавено на социјалните мрежи ја потврди Министерот за здравство на Северна Македонија, Венко Филипче.

„Денес пристигаа 30.000 вакцини „Синовак“ како донација од пријателска Турција“, напиша тој на својот Фејсбук профил.

„Уште еднаш сакам да изразам голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред се, за експресната испорака на ветената количина која е многу значајна за нас“, рече Филипче.

Министерот за здравство нагласи дека вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата.

Потсетуваме, пред три дена, односно на 6 јуни, министерот Филипче и премиерот Заев, по посетата на Турција соопштија дека оваа земја ќе донира 30.000 вакцини за Северна Македонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.